Скопје
Кисела Вода ќе постави мерна станица за квалитет на воздухот во близина на „Цементарница“
Општина Кисела Вода набавува мерна станица за квалитет на воздухот, која ќе биде поставена во непосредна близина на фабриката „Цементарница“.
„Денес, на страницата на Бирото за јавни набавки, е распишан оглас за јавна набавка, со што набргу граѓаните ќе имаат увид во квалитетот на амбиенталниот воздух. Ова претставува реализација на уште едно ветување од програмата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кое се реализира по прифаќање на предлогот на советниците од Советот на Општина Кисела Вода. Она што преостанува е потребата од неселективен ангажман на градот Скопје и на централната власт преку своите ресорни министерства бидејќи здравјето на граѓаните мора да биде на прво место“, велат од Општина Кисела Вода.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски рече дека се реализира уште едно големо ветување што го дал пред граѓаните и е запишано во неговата програма.
„Здравата животна средина е наш приоритет и стратешка заложба, па контролата на квалитет на воздухот, особено во близина на идустриски капацитет, е неопходност во борбата против загадувањето. По предлог на советниците од Советот на Општина Кисела Вода, ја набавуваме мерната станица, која ќе биде поставена во непосредна близина на фабриката ‘Цементарница Усје’, но она што сега не смее да изостане е ангажманот на Град Скоје и централната власт, која има ингеренции во оваа област. Се надевам дека тие ќе си ја вршат својата работа и дека инспекциите, кои за тоа се овластени, во наредниот период ќе имаат неселективна контрола на индустриските капацитети. Борбата за здрава животна средина, борбата со загадувачите, мора да биде бескомпромисна“, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

