Скопје
МВР: 63 санкционирани возачи на мотоцикли во Скопје за еден ден, ja зголемуваме безбедноста во градот
Вчера од страна на Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување во соработка со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 19.00 до 00.00 часот, во рамките на планот за зголемено присуство на полицијата и зголемување на безбедноста во градот Скопје, беше реализирана зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли. Во акцијата беа контролирани повеќе од 130 мотоцикли и мотори, а санкционирани се 63 возачи. Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, шест возачи возеле без возачка дозвола, 12 возачи имале несоодветна категорија, два мотоцикли не биле регистрирани и еден возач поминал на црвено светло. Акциските контроли во рамките на оперативната акција ќе продолжат и во идниот период со засилен интензитет.
Статистиките на жртви во сообраќајот покажуваат дека во РСМ има повеќе жртви споредено со земјите од ЕУ и МВР презема мерки, во склоп на своите надлежности, тоа да се промени. Во текот на минатата 2023 година имало 127 жртви во сообраќајни незгоди на територијата на цела држава, од кои 39 се во Скопје. За првите шест месеци од оваа година пак, има 57 жртви, од кои 14 се во Скопје.
„Министерството за внатрешни работи почнува бескомпромисна борба против сите видови криминал и нарушувања на јавниот ред и мир. Никој нема право да го нарушува мирот и спокојот на граѓаните како во Скопје, така и во целата држава, без разлика дали се работи за криминална нарко банда или несовесен возач на мотор кој го нарушува мирот и безбедноста на булеварот „Партизански одреди“. Законот мора и ќе важи за сите и секој што го крши, ќе биде казнет“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски
Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини.
На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на општина Центар.
Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот платен налог во Општина Центар, Сектор за инспекциски работи, барака 6А. Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот.
По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд, извести Општината.

„Редот се спроведува доследно и без исклучоци. Жителите на Центар го бараат тоа од нас. Безбедноста на пешаците и заштитата на јавните и зелените површини ни се приоритет“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат правилата и да придонесат за подобра урбана и животна средина.

