Скопје
Младите центарци даруваат и донираат за Лео
Општина Центар продолжува со хуманитарната акција за помош на младиот Леонид Игнов кому му е потребно лекување во странство за да закрепне.
Во ТЦ „Рамстор“ вчера е одржан уште еден хуманитарен новогодишен базар, на кој со свои ракотворби и музички точки учествуваа ученици од општинските основни училишта.
Средствата собрани од продажбата на нивните креативни трудови и изработки ќе бидат донирани за медицинскиот третман на младиот Лео, кој доби тешки повреди на `рбетот во несреќен случај пред неколку месеци, извести Општина Центар.
На настанот се приклучи и градоначалникот Горан Герасимовски со порака дека секоја донација е важна за да му се помогне на Леонид.
Добротворниот базар се реализира во рамките на хуманитарната програма на Општина Центар посветена на Лео, а со поддршка на „Рамстор“.
На 27 и 29 декември, на вториот кат на ТЦ „Рамстор“, ќе се одржат уште две слични манифестации, на кои ќе учествуваат младите центарци, соопштија од Општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без струја делови од општините Илинден и Кисела Вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат делови од општините Илинден и Кисела Вода.
Од 08:30 – 09:30 часот, корисниците од улицата бр. 34 во населба Илинден, општина Илинден ќе немаат струја.
Без електрична енергија од 09:00 – 13:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од улицата Востаничка во општина Кисела Вода.
Скопје
Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во источните делови. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.
Скопје
Делови од општина Карпош денеска без струја
ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општина Карпош.
· во пеиодот од 09.00 до 15.00 часот дел од корисниците во село Горно Нерези во општина Карпош.
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот корисниците од дел од улицата Ринхини и улицата Езерци – населба Влае во општина Карпош.