Скопје
Муцунски на отворање на спортски комплекс во Лисиче: Колку што Владата се обидува да нè кочи, толку сме помотивирани да работиме
„Денес, го отвораме новиот спортско-рекреативен комплекс во Лисиче, локација што ја посетивме уште за време на кампањата за локалните избори и која беше дива депонија. Искрен да бидам, оваа локација пред две години изгледаше на земја од третиот свет. Сите жители на оваа општина заслужуваат, и нивните деца и нивните семејства, да имаат еднакви услови за рекреација, за спортување и сметам дека со оваа инвестиција во општина Аеродром го постигнавме токму тоа“, рече Тимчо Муцунски, градоначалник на општина Аеродром.
„Заокружуваме две години од мандатот и токму затоа денес напоменав низа инфраструктурни инвестиции во Лисиче кои се направени во последните две години. Офанзива во овој дел од општината каков што таа не памети и со таков интензитет ќе продолжиме.
Тоа што сакам да го повторам и го истакнав во медиумите во последните неколку мои интервјуа е дека се прават максимални опструкции од страна на централната власт да не се реализираат капитални инвестиции во општина Аеродром. Тоа е до тој степен изразено што во моментов што на седница на влада повеќе месеци се блокира пристап до обврзница, односно пристап на средства кои се наши, кои ни припаѓаат нам и кои ние имаме одговорност да ги реализираме.
Со блокирањето на тие средства владата на СДС и ДУИ блокира две нови детски градинки во Аеродром, нов плоштад зад „Капитол мол“ и доградба и проширување на капацитетите на две основни училишта.
Ние не ги бараме тие средства за плати или непродуктивни трошоци, ги бараме за капитални инвестиции. И тие ќе се реализираат. Денес имаме чест и задоволство со нас да биде човекот кој ќе биде премиер на Македонија за неколку месеци и од кој имаме цврсти гаранции дека Аеродром ќе има и повеќе од овие средства за покрај овие инвестиции за кои зборуваме за следните години да се реализираат и дополнителни капитални инвестиции“, рече Муцунски.
„Колку што тие се обидуваат да спречат, толку помотивирани сме да реализираме проекти кои се ветени во нашата програма која целосно ќе биде реализирана до 2025 година и да реализираме проекти кои се за доброто на сите жители на Аеродром, независно дали се симпатизери на некоја политичка партија, не се симпатизери. Тука заеднички работиме за сите жители на оваа општина.
Во таа насока, уште еднаш благодарам и во следниот период како и во минатите месеци и години повторно ќе покануваме медиуми за секој проект во Аеродром, како што може да следите, многу нови проекти се реализираат, нашите планови се со уште позасилена динамика да продолжиме во идниот период“, додаде градоначалникот на општина Аеродром.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

