Контакт

Скопје

(Видео) Новиот ГУП за Скопје од над три милиони евра е заглавен во подготвителна фаза иако доцни веќе една година

Објавено пред

Новиот генерален урбанистички план за Скопје (ГУП) доцни веќе една година, а експертската јавност и институциите што работат на негова подготовка се едногласни само во ставот дека во овие околности никој не може ниту да претпостави кога овој важен документ за градот би бил готов. Заглавени постапки, изгубена поддршка на градоначалничката Данела Арсовска во Советот и неажурност на институциите се само некои од причините поради кои го нема новиот ГУП. Изминативе две години, во кои новиот план веќе требаше да биде претставен пред скопјани, усвоен и од годинава да почне да важи, тој се спомна само неколкупати во Советот на Скопје. Некои од советниците прашуваа, но не добија одговори ниту од градоначалничката Данела Арсовска ниту од службите во Градот дали и што се работи за подготовка на планот.

dobivaj vesti na viber

Извор: Агенција за планирање на просторот

„Макфакс“ истражи во која фаза од подготовката е новиот генерален урбанистички план. Градоначалничката Арсовска не го прекина молкот по прашањата од „Макфакс“ за новиот ГУП, не одговори на ниедно, но се охрабри јавно да проговори Агенцијата за планирање на просторот ангажирана од Градот за изработка на новиот план. Велат дека имаат активности за новиот ГУП иако јавно досега не ги соопштиле, но изработката на планот не е почната оти не е завршена подготвителната фаза.

Извор: Агенција за планирање на просторот

„Агенција за планирање на просторот подготвителните работи за изработка на ГУП за Скопје ги почна во согласност со потпишаниот протокол број 1 на почетокот на 2021 година. Првата фаза, со наслов ’документациска основа на ГУП за град Скопје’, се состои од сите достапни и соодветно обработени податоци за постојната состојба на територијата на планскиот опфат. Оваа фаза е изработена и доставена од наша страна до Секторот за уредување на просторот во град Скопје на 19.12.2022 година“, велат од Агенцијата за планирање на просторот.

Оваа фаза сè уште не е целосна оти дел од документациската основа за ГУП е студии што се разликуваат, а кои се однесуваат на бројот на население, на можностите за развој на градот, на заштитата на животната средина, на инфраструктурата и ред други, а дел од нив не е изработен. Изготвени се вкупно 20 студии и некои биле и презентирани пред надлежните во Град Скопје во март годинава, но сè уште се чека на сообраќајната студија, хидролошката студија и на елаборатот за заштитно-конзерваторски основи. За урбанистите, сообраќајната студија е една од најважните за планирањето, а токму таа е во трите што не се готови.

„Овие документи се во фаза на изработка од надлежните институции и правни субјекти по барање и надлежност на Град Скопје. Агенцијата очекува во секој момент да ни бидат доставени од страна на нарачателот – Град Скопје“, објаснуваат до Агенцијата.

Додека ги чекаат студиите од Агенцијата, велат дека работат на планската документација на ГУП врз основа на која се изведува планирањето на градот. Имале серија состаноци со претставници од локалната самоуправа за првично дефинирање на планските просторни единици, кои се потребни за синхронизација со сообраќајната студија и сообраќајните решенија, а на неделно ниво имаат комуникација и со експертите што ја изработуваат.

Но, тоа само е едната страна на вистината за новиот генерален урбанистички план. Архитектот Мирослав Грчев од Институтот за урбанизам при Архитектонскиот факултет, ангажиран да ја подготви планската програма врз чија основа ќе се изработува новиот план, вели дека со својот тим го завршил документот и го доставил до Град Скопје уште пред една година.

Ниту Господ во овие околности не може да каже кога би бил готов новиот ГУП, вели архитектот Мирослав Грчев

„Планската програма стои во некој меѓупростор веќе година дена. Таа му се предава на нарачателот, Град Скопје, ја усвојува Комисијата за урбанизам и ја дава на увид на партиципативното тело, а понатаму се праќа во Агенцијата. Но, откога се случи кавгата меѓу  ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката ја изгуби поддршката во Советот на Скопје, овие активности запреа. Партиципативното тело воопшто не е формирано. Нема кому да му се даде на увид планската програма, па поради тоа не може ниту официјално да стигне до Агенцијата за планирање на просторот, која ќе го изготвува планот. Затоа велам дека е оставена во меѓупростор“, вели архитектот Грчев.

Подготвувајќи ја планската програма, како прв документ за новиот ГУП, кој ќе ги даде насоките за планирање, Грчев вели дека откриле досега невидена неажурност на локалната самоуправа.

„Цели десет години не е направена анализа за степенот на реализација ниту на ГУП ниту на детаљните урбанистички планови, што е нечуено досега. Тоа е анализа што ќе покаже што во сегашните планови не чини, што е предвидено, но е неспроведливо, што се покажало како погрешно. Тие податоци се потребни при изработка на планската документација за да се коригираат во новиот генерален план, но замислете цели десет години не е направена таква анализа, а нема ниту четиригодишни анализи за спроведувањето на секој план одделно. Не постои пракса за следење на реализацијата на плановите. За да ја подготвиме планската документација во вакви услови, користевме јавно достапни податоци за степенот на реализација на урбанистичките планови, се консултиравме со колеги, се снаоѓавме за да дојдеме до податоците што недостигаат“, вели Грчев.

Иако новиот план го нема, од Агенцијата за планирање на просторот објаснуваат дека ГУП законски не доцни. Првиот документ за негова подготовка го потпишале на почетокот на 2021 година, а Законот за урбанистичкото планирање пропишува да биде донесен најдоцна 48 месеци од почнувањето на постапката. Од тука, Агенцијата нагласува дека динамиката за планот е во согласност со прописите, но не кажува конкретно кога би бил завршен.

Архитектот Грчев, пак, не е голем оптимист во однос на роковите.

„Тоа ниту Господ не може да го каже. Во овие услови не може да се зборува за рокови. Посебен проблем е и тоа што повеќето од стручните лица од Град Скопје што ја знаат оваа работа веќе не се во секторите во Градот, туку се расфрлани, еден во Драчево, друг во Ѓорче, па не е ниту чудно што 11 години не се направени неопходните анализи за примената на урбанистичките планови“, вели Грчев.

За почната па заглавена постапка за ГУП, сведочи и Министерството за транспорт и врски. Од таму велат дека за овој ГУП се предвидени над три милиони евра. Дел од парите го обезбедува Министерството, но досега никој не им ги побарал.

„Министерството за транспорт и врски преку Агенцијата за просторно планирање во соработка со Град Скопје ја почна постапката за изработка на ГУП за Скопје. Планската документација беше подготвена и доставена до Градот за одобрување, а во понатамошна постапка Градот има обврска до го изработи планот. За изработка на планот од буџетот на Министерството за транспорт и врски предвидени се средства од 20 милиони денари во буџетските години 2020, 2021 и 2022. Градот треба да обезбеди 164.835.200 денари. Досега Град Скопје од Министерството не побарал средства за исплата“, велат од Министерството за транспорт и врски.

Подготовки за изработка на ГУП пред четири години на заедничка прес-конференција пријавија поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, и тогашниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески. Шилегов најави дека ќе настојува градот да се шири на север за јужниот дел да се релаксира и дека ќе побара да се избрише јужната обиколница оти треба да се гради на сметка на зеленилото на Водно.

Податоците за тоа што од најавите реализирал и кои постапки ги почнал Шилегов остануваат како деловна тајна во Градот оти ниту градоначалничката ниту градските служби не одговараат на новинарски прашања. Пред две недели градоначалничката Арсовска, по настанот на кој се пофали дека Скопје ќе биде град на културата во 2028 година, во куса изјава за медиумите рече дека ГУП доцни не поради нејзина вина, туку поради тоа што Шилегов не ги почнал навреме постапките за кои требаат од 42 до 48 месеци и требало да се распишат пред 2020 година.

Продолжува…

Со овој текст „Макфакс“ се приклучува кон иницијативата за зголемена транспарентност на институциите што Институтот за комуникациски студии ја спроведува во соработка со медиумите во рамките на проектот „Користи факти“, кој е поддржан од британската амбасада.

Скопје

Пронајдено лице што вчера се изгубило на Водно

Објавено пред

Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.

dobivaj vesti na viber

Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.

– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.

Прикажи повеќе...

Скопје

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Објавено пред

Дел од корисниците на Волково и Кучково во Општина Ѓорче Петров од 7 до 16 часот ќе немаат електрична енергија.

dobivaj vesti na viber

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, прекинот на струја е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Прикажи повеќе...

Скопје

Неколку скопски општини утре ќе останат без струја

Објавено пред

Без електрична енергија утре од 07:00 до 16:00 часот ќе останат дел од корисниците во населените места Волково и Кучково, општина Ѓорче Петров.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија2 часа

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет2 часа

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...

Свет2 часа

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Американската полиција  убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол,...

Македонија2 часа

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од...

Свет3 часа

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните...

Свет3 часа

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на...

Свет3 часа

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт...

Македонија14 часа

Силјановска: Како никој не се сети да им каже во ЕУ дека самите во член 4 гарантираат немешање во внатрешните работи и почитување на уставните структури

Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот....

Македонија14 часа

СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и...

Македонија15 часа

Пендаровски: Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама е договорена од 27 држави – ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме

Во вечерашниот телевизиски дуел помеѓу двата претседателски кандидати, Пендаровски се осврна на неговиот концепт за напредок на државата, за кој,...

Свет18 часа

Борел: Западен Балкан има историска можност да ја поврзе својата иднина со ЕУ

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел,  по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави...

Македонија19 часа

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на...

Македонија22 часа

Демократски сојуз: Народот не може да создаде толку колку што власта може да украде

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај. „Во услови на влошена економско-социјална положба...

Македонија22 часа

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука...

Македонија23 часа

Европски фронт: Ветингот, услов за нова Влада

Арта Билали Зендели, претставник на Европскиот фронт  на прес- конференција истакна дека ветингот ќе биде услов за новата Влада. Според...

Македонија23 часа

СДСМ не ја прифаќа понудата на Максим Димитриевски

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции....

Македонија1 ден

Силјановска Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Гордана Силјановска-Давкова порача од Струмица дека ќе се вивне политичкиот вулкан како отпор на феудалните енклави на замислените европјани. „Во...

Македонија1 ден

Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Милионерот Дарко Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на Агенциојата за млади и спорт, АМС, со распределбата на ваучерите направен...

Македонија1 ден

Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега

Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по...