Скопје
Обележување со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Во населбата Автокоманда почна обележувањето на пешачките премини со ладна пластика на улиците и булеварите во рамките на ноќното обележување на хоризонталната сигнализација ЈП „Улици и патишта“ – Скопје. Екипите, како што информираат од Општината, изминативе денови ги обележале пешачките премини на булеварот Александар Македонски на пешачкиот премин кај бензиската станица „Макпетрол“ и почнале со бележење и на крстосницата на булеварот Александар Македонски со улицата 16. Македонска бригада.
Обележувањето на пешачките премини со ладна пластика, како што појаснуваат од таму, ќе продолжи и во текот на вечерните часови на истата крстосница, а бидејќи техниката за нанесување на бојата се изведува рачно и е поспецифична за разлика од обичната боја, потребно е повеќе време за изведба.
„Употребата на ладната пластика на пешачките премини е поквалитетна и се нанесува во подебел слој и гарантира поголема трајност на бојата.
По налог на Град Скопје и секторот за сообраќај предвидено е со ваков квалитет на боја да бидат обележани улиците во Мал и Голем ринг, но моментно оваа боја да се користи при обележување на најфрекфентните сообраќајници т.н. црни точки во градот“, соопштија надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟢𝟦 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 08.12. до 14.12.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 104 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.

