Скопје
Општина Аеродром ја одбележува Европската недела на мобилноста
Со објавување на повикот за доделување субвенции за електрични тротинети и велосипеди, како и низа активности во детските градинки и основните училишта, Општина Аеродром е една од шесте општини од Македонија што се вклучија во одбележување на Европската недела на мобилноста, која традиционално се одбележува секоја година во текот на септември. Целта на годинешното одбележување на Европската недела на мобилност е полесно и подлабоко да се разбере културата на одржливост и мобилност со активности што се организираат во повеќе од 3.500 општини и градови во светот поттикнувајќи ги луѓето да пешачат, користат велосипеди и јавен транспорт, информираат од Општина Аеродром.
Потсетуваат дека изминатите неколку денови во детските градинки и основните училишта дечињата зедоа учество во разни активности, кои имаа цел да ги подигнат знаењето и свеста за алтернативните начини на превоз и зачувување на животната средина. Овие активности продолжуваат и во текот на денешниот и следните денови. Во рамките на Европската недела на мобилноста традиционално секоја година се организира Светскиот ден без автомобили, во чии рамките ќе биде организирано и велосипедско дефиле во општина Аеродром.
Потенцираат дека подигнувањето на свеста и одржувањето здрава и чиста животна средина е високо во приоритетите на Општина Аеродром, а токму проектот „Смарт Аеродром“, што го најавивме пред неколку месеци, има цел да поттикне поголема мобилност и употреба на велосипедите, електричните тротинети и јавниот превоз.
„Паралелно со ова, а во насока на зачувување на чистата и здрава животна средина, Општина Аеродром во континуитет врши замена на постојните со фасади со енергетска ефикасност во училиштата и детските градинки и веќе втора година по ред се имплементира проектот Clean AirDrom, поддржан од Европската Унија, кој има цел да воспостави систем за примарна селекција на отпадот во Аеродром“, се истакнува во нивното соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

