Скопје
„Празникот верниците ќе го прослават без кал“: Општина Кисела вода го асфалтира делот околу црквата „Свети Спас“
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, објави дека делот околку црквата „Свети Спас“ е асфалтиран. Тој посочи дека на повој потег, на површина од 1.600 квадратни метри. претходно се изградила подземна инфраструктура, односно нова водоводна мрежа, која ги опфаќа улиците Корџевска, Мишевска, Домазетовскa и Чучевска и каде што жителите, по 40 години, добиваат бактериолошки чиста вода за пиење.
„По завршувањето на активностите поврзани со приклучување на домаќинствата на водоводната мрежа и овие улици ќе бидат целосно асфалтирани. Исто така, потегот околу црквата ќе добие обележани паркинг-места и ќе поставиме урбана опрема за ова свето место за драчевци да биде естетски уште поубаво. Ваквиот системски и плански начин на работа обезбедува квалитетна надземна и подземна инфраструктура, што во минатото било многупати лажно ветувано, а жителите со децении биле оставани без квалитетна вода за пиење. Сакам да посочам дека продолжуваме со инвестирање во вакви проекти во целата општина, во сите населби и населени места, сè до целосно надминување на проблемите недозволиви за 21 век“, се вели во објавата на Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Општина Центар го отвори електронскиот анкетен прашалник за креирање на буџетот за 2026 година
Општина Центар стави на располагање електронски Анкетен прашалник преку кој граѓаните директно може да се вклучат во процесот на креирање на Буџетот за 2026 година. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува жителите активно да ги доставуваат своите предлози и да укажат на потребите во своите маала.
„Ги повикувам сите граѓани да ја искористат алатката Анкетен прашалник и сериозно да се вклучат во креирање на буџетот за следната 2026 година. Вие сте најголемиот коректор и вашите барања се најзначајни. Јас сум овде да ги проследам сите ваши предлози, а заедно со секторите да ги оцениме приоритетните кои веднаш ќе влезат во програмите“, изјави градоначалникот Герасимовски.

Преку електронскиот прашалник, граѓаните може да предлагаат проекти од различни области: образование, социјална, детска и здравствена заштита, култура, спорт и рекреација, локален економски развој, урбано планирање, комунални дејности, животна средина, јавни работи, како и реконструкција и санација на училиштата.
Со ова, општина Центар овозможува вистинско и директно учество на граѓаните во подготовката на програмите за работа и во дефинирањето на приоритетите во буџетот за 2026 година, велат од Општината.
Анкетниот прашалник е достапен на следниот линк
Македонија
Делови од Студеничани и Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од село Осинчани, Ловиште Јасен, село Држилово, село Патишка Река, село Елово, село Малчиште, викендици Патишка Река, Сателитски центар Нова Брезница, Каменолом Вардар Градба, викендици Држилово, село Јаболци, село Црн Врв, Рудпроект, Карст Јаболци, Викенд Населба Јаболци и село Нова Брезница.(општинa Студеничани и Сопиште)
Македонија
(Фото) Герасимовски: Работнички добива модерна ФИБА-сала, паркетот се поставува, се монтираат семафорите
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изврши увид во завршните градежни активности во салата „Работнички“, која добива современ изглед и целосно ги исполнува ФИБА стандардите за одржување натпревари од највисоко ниво.
Во моментов се поставува нов паркет на теренот со површина од 700 квадратни метри, кој одговара на ФИБА стандардите за натпревари од ниво 1, а неговото целосно завршување се очекува во текот на следната недела.

„Пред самиот крај сме – завршуваме еден голем процес и во исто време отвораме ново поглавје за нашиот „Работнички“. Го остваривме тоа што го замисливме, па дури и повеќе , добивме сала по ФИБА стандарди“, изјави Герасимовски.
Објектот е целосно енергетски ефикасен. Поставено е подно греење, со што се овозможуваат значителни заштеди на енергија, а инсталиран е и современ климатизациски систем за ладење, греење и проветрување. Фасадата е исто така енергетски ефикасна, со што се обезбедува долготрајност и економичност во користењето.

Трибините се целосно завршени, а во тек е поставување на заштитни огради согласно противпожарните стандарди. Амбиентот во салата е во боите на КК „Работнички“, со црвени столчиња и бело-црвени ѕидови.
Дополнително, во наредната фаза ќе се доинсталираат семафорите, додека озвучувањето и осветлувањето веќе се целосно финализирани.

На приземјето се обезбедени вкупно шест соблекувални за екипите и судиите, како и простории за медицинска интервенција и за допинг-контрола. Поставени се тоалети за посетители, вклучително и инклузивни, со пристапна рампа, а во административниот дел се предвидени простории за конференции и состаноци.
Бројот, големината и намената на дополнителните простории се реализирани во координација со Македонскиот олимписки комитет, Кошаркарската федерација на Македонија и другите спортски федерации, со цел салата да ги задоволува сите стандарди за меѓународни натпревари и да придонесе за унапредување на спортот во Центар и Скопје.

На обиколката присуствуваа и ветераните на „Работнички“, Митко Луковски и Огњан Герасимовски, кои го поздравија напредокот и изразија поддршка за овој значаен проект.

