Скопје
Општина Центар почна со редовна есенска дератизација
Општина Центар почна со есенска дератизација на сите јавни површини и јавни објекти на територијата на целата локална самоуправа. Дератизацијата се спроведува со цел уништување штетни глодачи, инсекти и превенција од заразни болести.
Ова е една од општите мерки што Општината ги презема за заштита на населението од заразни болести во согласност со програмата за активностите на Општина Центар во областа на здравствената заштита за 2023 година.
Со дератизацијата ќе бидат опфатени над 2 илјади шахти и акцијата ќе биде спроведена и во следните неколку дена.
Дератизација во општина Центар се врши двапати годишно, во пролетниот и во есенскиот период.
Општина Центар ги известува граѓаните дека препаратот што се користи за дератизацијата е селективен, од сертифициран производител и ја третира популацијата на глодачите. Издаден е со одобрение од Министерство за здравство на Република Северна Македонија за употреба во јавната хигиена и не претставува опасност за другиот животински свет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.

