Скопје
Поради градежни активности на мостот „Обединети нации“, затворена насоката за движење на пешаците

ЈП „Улици и патишта“ – Скопје известува дека денеска, на мостот „Обединети нации“, на тротоарот, се изведуваат градежни активности за санација на мостот и е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Поради изведба на активностите во насока од Влае кон Карпош, ќе биде затворена насоката за движење за пешаците до завршување на градежните активности.
ЈП „Улици и патишта“ – Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје
(Фото) Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на свеченото отворање на 41-те Маџирмаалски средби

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на свеченото отворање на 41-те Маџирмаалски средби. На покана на организаторот, заедно со градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски проследија дел од наптреварите кои традиционално, веќе 41 година се одржуваат во ова познато скопско маало.
– Маџир Маало е едно од најстарите скопски маала, култно место од кое зрачи посебна хемија. Овде се чувствува Скопје во својот полн сјај. Огромна е мојата чест што бев поканет да присуствувам на 41-те Маџирмаалски средби, заедно со колегата Горан Герасимовски, кои речиси половина век успешно се организираат. Посакувам уште долги години да траат, да се организираат овие средби кои ја чуваат традицијатата и духот на Скопје. Честа беше моја, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
Без струја денеска дел од општина Сарај

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе остане дел од општината Сарај.
Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од дел од село Сарај – пат за Лубин, кај Џамијата во општина Сарај ќе бидат без струја.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затварач ф 50 мм на улицата Радика број 1, без вода ќе останат корисниците од улицата Радика во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на интервенцијата.