Скопје
По 12 000 денари за новороденчињата и пакет производи за мајките од Кисела Вода
Во пресрет на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, Општина Кисела Вода ја зајакнува поддршката за семејствата со новороденчиња преку зголемување на финансиската помош на 12.000 денари и воведување на нова придобивка – пакет со основни производи за мајките и нивните бебиња. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и претседателката на Советот, Светлана Колариќ, денеска доделија 105 ваучери на семејства со новороденчиња, со што ја официјализираа новата мерка, која има за цел да обезбеди дополнителна поддршка во првите денови од мајчинството.
-8 Март е Денот на жената, симбол на силата, љубовта и пожртвуваноста на жените. Тоа е ден кога ја славиме нивната улога во општеството, во семејството, како носители на новиот живот и столб на секоја заедница. Токму затоа, во пресрет на овој голем ден ја започнуваме новата мерка со која на секое новороденче во нашата општина ќе му биде доделена двојно поголема финансиска поддршка – наместо досегашните 6.000, од сега исплаќаме по 12.000 денари.
Дополнително, за првпат, во рамки на оваа мерка, мајките добиваат и пакети со основни производи за првите денови од мајчинството, производи наменети за грижа и нега на здравјето на мајката и новороденчето, затоа што секој нов живот заслужува максимална грижа и поддршка. Посебна благодарност упатувам до компанијата “Мако Маркет”, која со својата општествена одговорност помогна во реализацијата на овој сегмент од мерката и со која договоривме истата континуирано да се спроведува во текот на целата година.
Оваа иницијатива ја претставуваме токму на 8 Март, во чест на сите мајки, ќерки, баби, сестри – сите жени, кои со својата сила, љубов и труд го движат нашето општество напред- изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;

