Скопје
Ѓорѓиевски: Целосно ги поддржуваме синдикатите во борбата за права на работникот
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес присуствуваше на конфренција на тема „Влијанието на корупцијата и непотизмот врз реформите, платите и капацитетите на јавниот сектор“, организирана од Конфедерацијата на слободните синдикати.
На настанот, на кој говореа и директорот на Националниот демократски институт во Република Македонија, Дејвид Сид; претседателот на синдикалната организација на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој при Синдикатот на администрација и државна управа, Стефчо Негриески, и членот на македонското здружение за заштита при работа, Милан Петковски, Ѓорѓиевски ги изнесе своите видувања за намалување на можностите за корупција во општините бидејќи, истакна тој, таа води кон губење доверба кај граѓаните во институциите и во целиот систем.
„Императивот на секоја единица на локална самоуправа е да обезбеди квалитетни услуги за своите граѓани. Затоа и она што најмногу нè засега е јакнењето на капацитетите на нашата администрација бидејќи само со транспарентно и отчетно работење, со професионална администрација, односно службеници што имаат висок степен на личен и професионален интегритет, можеме да говориме за намалување на можностите за корупција“, истакна Ѓорѓиевски.
Во своето излагање најмногу се задржа на транспарентноста како модел на работа, кој ги олеснува откривањето и следењето на корупцијата.
„Тука говорам и како претседател на ЗЕЛС, но и како градоначалник на општина Кисела Вода, која за две години забележа скок во транспарентноста за дури 30 проценти. За ова да се случи, реализиравме крупни проекти – како јавната достапност на детаљните урбанистички планови, до кои во минатото не можеше да се дојде, воведувањето дигитални услуги за граѓаните, на јавни седници на Советот, вклучувањето на граѓаните при креирањето на буџетот и проектите, како меѓународниот конкурс за Расадник. На истата тема, со илустрации од сработеното, сакам да проговорам и од аспект на ЗЕЛС. Веќе 10 години општините издаваат дозволи за градење исклучиво по електронски пат или се продава државно градежно неизградено земјиште со јавни аукции, кои се спроведуваат електронски. И продажбата на движни и недвижни ствари на општините се реализираат електронски. Но морам да укажам дека ЗЕЛС исто така веќе пет години бара воведување и на електронски систем на плаќање на данокот на имот за што централната власт е глува“, истакна претседателот на ЗЕЛС, Ѓорѓиевски.

Тој говореше и за висината на платите на општинската администрацијата, која е друг значаен фактор за создавање професионална и стручна општинска администрација и за игнорантскиот однос на централната власт, која склучи колективни договори со синдикатите, а притоа ниту ги консултира ниту им префрли на општините дополнителни средства за да може договорените обврски да ги исплатат. Посебен преседан е и новиот предлог-закон за јавната администрација, потенцира Ѓорѓиевски.
„Во новиот предлог-закон за јавната администрација се дозволи да се стават и одредби со кои директно се кршат одредени, со Уставот гарантирани права на работникот. Додека само декларативно Владата се залага за професионална и стручна администрација, а ние во општините се соочуваме со недостиг на стручни кадри, преку предлог-законот за административните службеници се предвидува јавната администрација во општините за исто звање и одговорности да има помал бод на плата од вработениот во државната администрација. Тоа ќе доведе до напуштање на позициите во општините и вработување на стручниот кадар на централно ниво. Целосно ги поддржуваме синдикатите во оваа борба за правата на работникот. За мене, денешниот настан воедно претставува и продолжување на успешно почнатата соработка на ЗЕЛС со ККС и СОНК по средбата што ја одржавме во ЗЕЛС во ноември минатата година. Потоа, во декември, синдикалните претставници добија можност да ги изнесат своите барања и состојби пред сите градоначалници на седницата на највисокото тело на ЗЕЛС, а тоа е енералното собрание. Се договоривме дека преку дијалог и заемно разбирање ќе изнајдеме соодветни решенија, што ќе бидат најмногу во полза на нашите вработени. Јас и понатаму оптимистички гледам на разрешување на оваа ситуација бидејќи следуваат избори, кои, сигурен сум, ќе донесат нови кадровски решенија во Владата, кои во фокусот на своето работење ќе ио имаат граѓанинот и неговите права“, заокружи претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.

