Скопје
Реконструкција и проширување на паркинг-просторот во близина на ООУ „Кирил Пејчиновиќ”
Повеќе простор за паркирање добиваат жителите на населбата 11 Октомври – згради. Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес присуствувaше на почетните активности за изградба на нов и реконструкција на постојниот паркинг-простор во близина на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“.

„Со голема динамика работиме на унапредување на условите за нашите жители, а создавањето дополнителен паркинг-простор е секогаш на врвот на приоритетите. Решавањето на предизвиците со сообраќајот во мирување значи помал метеж и поголема безбедност за пешаците. Ова е од особена важност бидејќи во непосредна бизина на денес почнатиот проект има основно училиште. Градиме нов простор за паркирање на речиси 300 м2, а целосно ќе го реконструираме и постојниот паркинг, кој се протега на површина од 1.600 квадратни метри. Напоредно продолжуваме со засилен ангажман за изнаоѓање нови локации во целата општина, каде што постои можност за изградба на паркинзи. Од нашата досегашна двегодишна работа произлегоа 1.320 паркинг-места. А тоа се 320 места за паркирање повеќе од она што беше ветено во мојата предизборна програма“, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
(Фото) Во текот на минатата недела отстранети 𝟨𝟣𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 615 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

„Приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад беа отстранети од улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 21 записник за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто 13 записници се врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Воедно, Претпријатието продолжува со секојдневно одржување на јавната хигиена преку рачно и машинско метење на булеварите и поголемите улици, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.





