Скопје
Се реновираат тоалетите во ООУ „Свети Климент Охридски“ во селото Драчево
Се реновираат тоалетите во основното училиште „Свети Климент Охридски“. Ова училиште, со својата стогодишна традиција, претставува значаен образовен центар во селото Драчево. Проектот има за цел да ги унапреди условите за учениците во периодот додека биде завршен новиот објект кој се наоѓа во непосредна близина и чија изградба неодамна започна. Старата училишна зграда, потоа ќе биде пренаменета за други образовни или културолошки цели, со што ќе се обезбеди продолжување на нејзината вредност за овој дел од градот Скопје.
-За Општина Кисела Вода инвестирањето во образованието на учениците е клучен приоритет. Обновата на тоалетите во ООУ “Свети Климент Охридски” е дел од нашата стратегија за унапредување на условите во образовните институции. За 1,5 до две години, ќе биде завршена и новата зграда за ова училиште, по што учениците ќе добијат модерни услови, а стариот објект ќе остане да функционира со друга намена. Покрај овој проект, во тек е и реновирање на тоалетите во ООУ “Кирил Пејчиновиќ”, а во ПОУ “Рајко Жинзифов” во Пинтија се гради нова спортска сала. Се надеваме дека овие инвестиции и сите кои ќе уследат по нив, ќе придонесат за подигнување на квалитетот на образованието и развојот на нашите млади генерации-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Санкционирани 𝟣𝟥𝟦 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 17.11. до 23.11.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 134 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, известува ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопштува ПОЦ.

