Скопје
Скопјани го дишат најзагадениот воздух во Европа, а 18-ти во светот

Утринските мерења покажуваат дека скопјани го дишат најзагадениот воздух во Европа, а 18-ти во светот, објави страницата „Ајкјуер“.
Скопје се наоѓа во друштво на Делхи, Пакистан и Бангладеш со смртоносно висока загаденост, а ПМ-честичките се неколку дена над дозволеното.
Министерката Каја Шукова истакна дека јавните институции треба да се префрлат на еколошки систем на затоплување.
Надлежните постојано објаснуваат дека нема инстант-мерки што ќе го расчистат воздухот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нови линии на улично осветление на повеќе локации во општина Илинден – рекордни 7.000 метри во текот на 2025 година

Во рамки на проектот „Илинден – Светла Општина“, општина Илинден интензивно продолжува со поставување на нови линии за улично осветлување во сите населени места низ општината.
Во месец август беа поставени нови линии за улично осветлување во вкупна должина од 1.700 метри, од кои: комлетно осветлен патниот правец Илинден – Пуста Кула во должина од 1.200 метри, крак на ул. „9“ во н.м. Кадино во должина од 70 метри, крак на ул. „1“ во н.м. Ајватовци во должина од 150 метри, крак на ул. „1“ и осветлување пред училиштето во н.м. Бунарџик во должина од 230 метри, како и крак на ул. „2“ во н.м. Мралино во должина од 50 метри, известува Општината.
„Во тек е поставување на дополнителни 2.500 метри нови линии за улично осветлување, и тоа: ул. „119“, ул. „120“ и дел од ул. „106“ во н.м. Јака во должина од околу 1.000 метри. Потоа, патот кон манастирот „Св. Ѓорѓија“ во н.м. Делјадровци во должина од околу 1.100 метри
Покрај тоа, во наредниот период ќе започне и реализацијата на нов проект за улично осветлување на патниот правец Бујковци – Мршевци, каде ќе бидат поставени нови канделабри со ЛЕД осветлување во должина од околу 400 метри. А, во наредниот период ќе се продолжи и со поставување на улично осветлување низ сите населени места во општината.
Со овие активности, како и со претходно реализираните 2.120 метри нови линии, вкупната должина на поставено улично осветлување во текот на една календарска година ќе достигне рекордни 7.000 метри, што претставува јасен доказ дека Општина Илинден останува посветена на подобрување на јавната инфраструктура, со цел создавање на побезбедна и поквалитетна средина за живеење на сите граѓани“, соопшти општина Илинден.
Македонија
Еднократна парична помош за глувонемите во Центар, извести Герасимовски

Општина Центар ќе доделува еднократна парична помош за глувонемите лица во Центар. Ова беше договорено на средбата меѓу градоначалникот Горан Герасимовски и претставниците на Сојузот на глуви и наглуви – Даре Џамбаз. На средбата се разговараше за актуелните потреби и предизвици со кои се соочуваат овие лица, како и за можностите за понатамошна поддршка од страна на општината.
Како резултат на дискусијата, Герасимовски најави дека Општина Центар ќе предвиди еднократна парична помош за глувонемите лица, што ќе се доделува еднаш годишно.
„Центар е една од ретките општини која обезбедува лични асистенти и финансиска поддршка за децата и семејствата кои имаат таква потреба. Со оваа нова мерка ќе покажеме дека секој наш сограѓанин е важен и дека заедно градиме општество на еднакви можности. Од следната година, глувонемите лица ќе добиваат еднократна парична помош. Како општина обезбедивме бесплатен паркинг за глувонемите и ме радува тоа што се задоволни од оваа мерка“ истакна градоначалникот Герасимовски.
На средбата беше договорено во септември да се одржи нова работна средба, на која дополнително ќе се разгледаат предлози и барања од здруженијата, со цел истите да се вградат во програмите на Општина Центар.
Македонија
Без вода денеска корисниците од улиците на потегот од Владата до Градскиот стадион

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул. Наум Наумовски Борче бр. 90, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците на потегот од Влада на РСМ до градскиот Стадион.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности