Скопје
Стефковски: Во Гази Баба се отвара дневен центар за лица со попреченост, проект вреден 16 милиони денари
Денес е значаен ден за општина Гази Баба, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и директорот на Центарот за развој на Скопскиот Плански Регион, Јане Мицевски, направив увид и отварање на објект што ќе биде наменет за лица со телесна и интелектуална попреченост, рече Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба.
Како што рече градоначалникот, дневниот центар ќе овозможи поголема инклузивност на лицата со попреченост, а ќе обезбеди нивно секојдневно сместување, реедукација и рехабилитација.
„Овој проект чини 16 милиони денари, од кои што 10 милиони денари се обезбедени од буџетот на Општина Гази Баба, а 6 милиони денари се обезбедени преку Скопскиот Плански Регион. Гази Баба сериозно се развива, реализираме голем број проекти со кои ќе ги подобриме условите за живеење за сите категории граѓани вклучувајќи ги и лицата со попреченост“, додаде Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Теретана на отворено за прв пат во општина Илинден
Комплетно опремена спортска теретана на отворено за прв пат добија жителите на Општина Илинден, која се наоѓа кај пешачко – велосипедската патека во Марино.
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека во рамки на ова фитнес катче, каде младите па и повозрасните жители на општината ќе можат да се рекреираат и вежбаат, поставени се повеќе најсовремени фитнес справи.
Досегашната пракса на инвестирање и создавање на услови за спортување, постојано се докажува како највредна инвестиција за сите генерации, па затоа општина Илинден од сопствениот буџет оддвои средства за реализација на спортската теретана на отворено, а во наредниот период продолжува и понатаму со инвестиции во спортот и спортските терени на нејзина територија, соопштуваат од општината.
Скопје
Санкционирани 191 непрописно паркирано возило на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 191 непрописно паркирано возило кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 13.05. до 19.05.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 102 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 89 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, велат од ПОЦ.
За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, се додава во соопштението на ПОЦ.
Скопје
Делови од три скопски општини денеска без струја
Според добиеното известување од ЕВН Македонија, Регионалниот центар за управување со кризи информира дека поради реконструкција денеска без снабдување со електрична енергија ќе останат делови од три скопски општини.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без напојување ќе останат корисниците на дел од село Долно Лисиче, реонот околу чаталот, ул.10 во општина Аеродром.
Во периодот од 10:30 до 14:30 часот без напојување ќе останат корисниците дел од улица 16, на патот кон Визбегово во општина Карпош.
Во периодот од 13:00 до 14:30 часот без напојување ќе останат објектите на градинката Росица, на улица Мечкин Камен, број 45А. во општина Ѓорче Петров.