Скопје
Утре се одржува третиот социо-еколошки форум со дебата и дискусија за енергетските политики на земјите од Западен Балкан и Европската Унија
Утре, во Скопје, ќе се одржи третиот социо-еколошки форум (СЕФ) во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Меѓународниот центар „Олоф Палме“ и „Прогрес“ – институтот за социјална демократија.
Социо-еколошкиот форум ќе овозможи дебата и дискусија во однос на енергетските политики на земјите од Западен Балкан и Европската Унија. Предизвиците во поглед на животната средина, зелената агенда, промовирањето на социјалната кохезија преку инвестиции во вработување, квалитетни и инклузивно образование и висококвалитетни услуги за социјална инклузија и заштита ќе бидат високо на агендата на форумот.
Потврдено учество имаат директорот на ФЕС – дијалогот Југоисточна Европа, Рене Шлее, министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, пратеникот во македонското Собрание, Диме Велковски, шведската пратеничка Лена Бакелин и албанскиот пратеник Дамијан Ѓикнури.
Утре, во 10.45 часот, во прес-корнерот во „Холидеј ин“ се предвидени изјави за заинтересираните медиуми на следните учесници на форумот:
– Рене Шлее, директор на ФЕС-дијалогот Југоисточна Европа
– Горан Герасимовски, градоначалник на општина Центар
– Лена Бакелин, член на шведскиот парламент
Социо-еколошкиот форум – Скопје е платформа за размена на прогресивни идеи, што им овозможува на високите претставници и носители на одлуки од регионот на Западен Балкан и ЕУ да разговараат за потребите и можностите за социјално-праведна енергетска трансформација, која ќе ги зајакне сигурноста на земјите во снабдувањето со енергија, ќе овозможи одржлив развој на економиите и ќе стави крај на ограничениот пристап и сите предизвици што ги носи употребата на фосилните горива, особено видливи во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

