Скопје
Утре посебен сообраќаен режим околу соборниот храм “Св. Климент Охридски“

Утре поради најавено одржување на настан за одбележување на Бадник во Скопје, од 10.30 часот се до завршување на настанот, за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајниците околу соборниот храм “Св. Климент Охридски“.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, како и мерки за посебен режим на сообраќајот на околните сообраќајници.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје
Герасимовски: Мајчиниот јазик е нашиот идентитет, култура и традиција, да го чуваме и негуваме

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, денеска беше во посета на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ кадешто со учениците од ова училиште заеднички го одбележаа Меѓународниот ден на мајчин јазик, 21 февруари.
„На Денот на мајчин јазик, се сеќаваме на моќта на зборот, на силата што ја носи секоја реченица што ја изговараме. Мајчиниот јазик е нашиот идентитет, култура и традиција што ги носиме во срцето. Да го чуваме и негуваме! Утрово, со учениците од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци” заеднички го одбележавме Меѓународниот ден на мајчин јазик, 21 февруари со креативна работилница. Упатувам благодарност до сите наставници и до директорката за целиот труд што го вложуваат во здрав развој на нашите деца“, истакна Герасимовски.
Скопје
Герасимовски: Бизнис-информаторот обезбедува лесен пристап до општинските услуги за компаниите и инвеститорите

Општина Центар преку новата интернет алатката Бизнис информатор нуди информации и услуги за сите компании, инвеститори, претприемачи и граѓани кои сакаат да се поврзат со услугите и ресурсите што ги нуди општината.
Овој информатор овозможува директен пристап до административни процедури, електронски услуги, стратешки документи и линкови до барања кои им се неопходни на бизнисите за нивен раст и развој.
„Бизнис информаторот е креиран со цел да обезбеди лесна и брза комуникација со деловната заедница, транспарентен пристап до услугите и документацијата на општината, како и административна поддршка за сите заинтересирани инвеститори,“ посочува градоначалникот Герасимовски.
За пристап до информаторот не е потребна најава, а услугите се отворени за сите заинтересирани. Корисниците преку оваа алатка имаат директен линк до електронските дозволи, урбанистички планови, инфраструктурни податоци, огласи, формулари, буџетски програми и јавни набавки.
Дополнително, преку информаторот е овозможено поднесување иницијативи и пријави, како и пристап до стратешките документи на општината кои ги поставуваат насоките за економски развој и деловни можности.
Сите овие услуги се достапни преку веб-страницата на Општина Центар, на следниот линк https://www.centar.gov.mk/wp-content/uploads/2025/02/biznis-informator-ver2.pdf
Македонија
Без вода денеска дел од Центар

РЦУК – Скопје извести дека денеска поради внатрешен дефект и барање од странка за затворање на вода на улицата Кеј 13-ти Ноември бр.8 во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од Холидеј ИН до поштата.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.