Скопје
Фрлени 113 тони сол на градските улици и булевари

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатита ноќ фрлија 113 тони сол на градските булевари и улици, особено на критичните места.
Екипите на зимската служба со возилата со ринење интервенираа низ градските сообраќајници и на критичните точки односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот, соопштуваат од Град Скопје.
Зимската служба на Градот будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти, додаваат од Град Скопје./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Првпат во 20 години постоење во Аеродром истовремено се градат основно училиште, детска градинка и спортска сала“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Четиригодишниот мандат на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше посветен на решавање на проблемите и хаосот создаден од претходниците, па потоа се премина на развој на општините. Еден од овие примери беше и општина Аеродром, која беше наследена со целосен урбан хаос, во која имаше повеќе кранови за згради, отколку насадени дрвја“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„И затоа на ова прашање беше посветено посебно и максимално внимание, за да се воведе ред во овој урбан хаос и тоа веќе може да се потврди и статистичките податоци кои покажуваат дека во овој четиригодишен мандат, споредено со претходниот, бројот на издадени одобренија на нови згради е намален за 86%.
Ова значеше многу помалку станови и многу повеќе вложување во инфраструктурата.
Во Аеродром за прв пат во исто време се градат основно училиште, детска градинка и спортска сала, нешто што досега не се случило 20 години откако постои општината.
Во општината се градат проекти коишто не се само железо и бетонска конструкција, туку се градат проекти кои значат радост за децата и проекти од кои ќе произлезат идните македонски спортисти.
Изминатите четири години, во спортската инфраструктура се вложуваше како никогаш до сега. На територија на цела општина Аеродром изградени и реконструирани се повеќе од 20 спортски игралишта, како и над 30 детски игралишта.
Не беше заборавена ниту инфраструктурата, така што реконструирани се повеќе од 40 илјади метри квадратни улици и тротоари, а во моментов се работи на уште дополнителни 20 илјади нови метри квадратни.
Покрај ова, посебно внимание се посвети и на отчетноста и транспарентноста пред граѓаните, така што Аеродром од целосно затворена општина за граѓаните, се претвори во втора најтранспарентна општина во Македонија. Тоа се должи на посветена работа во интерес на граѓаните и решавањето на нивните проблеми“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Без струја дел од Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Пандил Шишков, Вангел Тодоровски и Руди Чаевец, општина Аеродром.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта на улицата Шекспирова бб (во близина на Тинекс маркет), општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.