Скопје
Фрлени 140 тони сол на градските улици и булевари
Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатата ноќ и до 13 часот фрлија 140 тони сол на градските булевари и улици, особено на критичните места, соопштуваат од Град Скопје.
Екипите на зимската служба со возилата со ринење интервенираа низ градските сообраќајници и на критичните точки односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.
Екипите нa ЈП „Комунална хигиена“ се на терен и го расчистуваат снегот и мразот од во сите скопски општини. Зимската служба на Градот будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти, велат од Град Скопје./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Македонија
(Фото) Општина Илинден: Асфалтирана улицата 30 во населбата Илинден
Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта, општина Илинден изврши целосната реконструкција на улицата „30“ во населбата Илинден, во м.в. Плац. Станува збор за сообраќајница долга 600 метри и широка 4 метри, којашто доби целосно обновен и современ изглед, извести Општината.

Градоначалникот Александар Георгиевски изврши увид во завршните активности и истакна дека реконструкцијата била неопходна поради оштетувањата настанати за време на изградбата на примарната мрежа на фекална канализација. Тој посочи дека оваа улица има особено значење за жителите од овој дел на општината, но и за непречено одвивање на сообраќајот на сите граѓани.

Градоначалникот нагласи дека Општина Илинден континуирано вложува во подобрување на патната и комуналната инфраструктура, бидејќи тоа претставува клучен фактор за подобар и поквалитетен живот на сите граѓани, соопштуваат од Општина.

Реконструкцијата е целосно финансирана од буџетот на Општина Илинден, а во наредниот период ќе продолжат активностите за унапредување на патната инфраструктура и во останатите делови од општината, се додава во соопштението.

