Скопје
Ѓорѓиевски на годишното собрание на МАНУ: Можеме да изградиме систем што ќе биде подготвен да одговори на предизвиците со кои се соочуваме
На покана на претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Живко Попов, претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денес беше дел од редовното годишно собрание на оваа највисока научна институција во земјата. Настан, кој, покрај резимето на академските достигнувања, ја отвори и неопходната дебата за системските предизвици и за реформите што ни претстојат.
„Дозволете ми да му се заблагодарам на претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Живко Попов, за поканата да бидам дел од редовното годишно собрание на оваа највисока научна институција во земјата.
Годишното собрание на МАНУ оваа година почна со едноминутно молчење во чест на трагично загинатите во несреќата во Кочани – трагедија што нè потресе сите и што ни ги отвори очите кон одредени системски слабости, кои бараат итни и суштински решенија. Во вакви моменти, кога сите погледи се свртени кон болката и загубата, се отвора и прашањето – како да спречиме вакви трагедии да се повторат?
Академската заедница е еден од клучните столбови врз кои треба да се потпреме при носењето издржани и квалитетни решенија. Токму научно заснованите анализи и предлози може да помогнат во креирање политики што ќе донесат вистински и трајни промени.
Очигледно е дека е неопходно темелно „ресетирање“ на системот, со значителни законски измени и реформи, кои ќе ги зголемат ефикасноста, безбедноста и координацијата меѓу институциите. Поддршката од академиците, од научната и стручната јавност, ќе биде од исклучително значење за креирање нови одржливи модели, кои ќе ги подобрат безбедноста, инфраструктурата и реакцијата во итни ситуации.
Креирањето и реализацијата на проекти во насока на планирањето на иднината на Република Македонија, кои беа во фокусот на денешното годишно собрание, само потврдува дека МАНУ останува вистински чувар на знаењето и прогресот. Успесите на академиците во изминатата година се доказ дека токму преку наука и аналитичен пристап можеме да креираме одржливи и долгорочни решенија.
Како претседател на ЗЕЛС, уверувам дека локалната самоуправа е подготвена за блиска соработка со академската заедница. Преку заеднички напори можеме да изградиме систем што ќе биде подготвен да одговори на предизвиците со кои се соочуваме, но и да поставиме темели за посигурна и подобра иднина за сите граѓани“, изјави претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




