Скопје
Општина Центар го затвора градилиштето на Азманов
Општина Центар, во четврток, ќе го затвори градилиштето на ул. „8-ма Ударна Бригада“, каде што фирмата “НАСТЕЛ“ на бизнисменот Зоран Азманов, пред неколку години ископа градежна јама со цел да гради хотел.
Улицата „8-ма Ударна Бригада“, каде што се наоѓа италијанската амбасада, е пропадната, отворена е дупка поради градилиштето и е нарушена стабилноста на околното земјиште, па затоа Општина Центар ќе му наложи на инвеститорот НАСТЕЛ да изработи елаборат за обезбедување на градежната јама.
Согласно Законот за градење, фирмата ќе биде казнета со глоба од 2.000-4.000 евра и 1.000-2.000 евра за одговорното лице.
Улицата „8-ма Ударна Бригада“ беше целосно реконструирана пред нецела година, но веднаш беше забележано дека има опасност од поткопување на улицата и оголување на инсталациите, бидејќи веднаш до улицата, Азманов има добиено дозвола за изградба на хотел, за што веќе неколку години стои ископана огромна дупка длабока неколку метри.
За опасноста од свлечиштето, за оголената инсталација и опасноста за возила и пешаци, неколку пати во текот на минатата година надлежните го известуваа бизнисменот Азманов, кој ветуваше дека ќе го реши проблемот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

