Скопје
110 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 110 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола седум санкции, седум мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 13 мерки за непочитување на брзината на движење, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Костовски: Градиме модерен затворен пливачки базен во Радишани

Радишани добива нов модерен затворен базен, во вредност од 80 милиони денари, извести градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.
Како што соопшти градоначалникот, предност во користење на овој базен ќе имаат учениците од ОУ „Ацо Шопов“, но генерално ќе можат да го користат сите ученици, а и граѓаните во подоцнежните часови.
Тој најави и уште еден нов затворен базен во населеното место Бутел 1, во дворот на училиштето „Св. Климент Охридски“.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД извесуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.00 часот, корисниците од улицата Хо Ши Мин лоцирани на потегот од напојната трафостаница Бутел 2 до објектот бр. 287 Б. (општина Бутел)
Македонија
Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)