Скопје
Трајановски се сретна со борците од НОАВМ
Скопскиот градоначалник, Коце Трајановски, во чест на 13. Ноември, Денот на ослободување на Скопје, се сретна со претставници на Градскиот одбор на Сојуз на борци од Народно Ослободителната антифашистичка војна на Македонија.
Борците на средбата во Кабинетот на градоначалникот евоцираа спомени од ослободувањето на Скопје, на овој ден пред 71 година, а градоначалникот Трајановски изрази длабока почит спрема нив и благодарност за нивниот придонес за ослободувањето на Скопје.
„Славиме 71 година од ослободувањето на Скопје, односно го славиме 13 Ноември денот кога Вие и Вашите соборци сте се бореле за негово ослободување и на средбата со Вас се обидуваме да се сетиме на некои моменти од историјата, но ова е и одлична можност да се договориме какви чекори треба да преземеме за зачувување на тие спомени и добри дела, што беа пример за нашите генерации, но и за следните генерации коишто доаѓаат. Јас и граѓаните на Скопје чувствуваме неизмерна почит за борците коишто пред точно 71 година ги дадоа животите за слободата на овој град. Во тек е возобновувањето на Споменикот на стреланите и Работилницата за производство на експлозивни направи, а готови се и бистите на хероите Панче Арсовски и Панче Неделковски. Бистата на Панче Арсовски ќе се постави во средното училиште на Град Скопје кое го носи неговото име, а бистата на Панче Неделковски во Градскиот парк“, рече Трајановски.
За време на средбата, Трајко Стаматовски од име на борците ослободители на Скопје му се заблагодарија на градоначалникот Трајановски за приемот, како и за добрата соработка и поддршката, што тој им ја дава на членовите на Сојузот на борците. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Партизански Одреди бр. 95, општина Карпош.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

