Скопје
Град Скопје ќе дели садници на месни заедници и куќни совети
Градот Скопје во понеделникот соопшти дека ја продолжува традиционалната есенка акција за доделување садници на заинтересирани куќни совети и урбани месни заедници, на коишто ќе додели 2.000 дрвца од ЈП „Паркови и зеленило“.
Садниците коишто ќе ги додели Градот Скопје ќе бидат стручно засадени од вработени лица во ЈП„Паркови и зеленило“.
Заинтересираните куќни совети и месни урбани заедници треба да поднесат барање за доделување садници до Секторот за комунални работи на Град Скопје, булевар Илинден бр. 82. Субјектите во барањето треба да го наведат бројот на садниците што бараат да им се доделат и точната локација на којашто планираат да ги засадат дрвцата. На барањето треба да стои печат од куќниот совет или од месната урбана заедница.
На куќните совети и на месните урбани заедници на коишто ќе им бидат одобрени барањата, во оваа акција ќе им се доделат најмногу 10 садници.
Барањата за добивање садници до Секторот за комунални работи на Град Скопје може да се доставуваат од 3 до 13 ноември 2015 година, а од 16 до 25 ноември субјектите ќе може да ги подигнат решенијата за доделените садници.
Акцијата на Град Скопје за доделување садници се организира веќе осум година во две етапи, односно напролет и наесен. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.
Македонија
(Фото) „Водовод“ отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, известува, дека со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.

„Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите.

Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на ЈП Водовод и канализација -Скопје, на улица Ѓорче Петров, до Тинекс маркетот, и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот“, соопшти „Водовод“.

Од таму информираат дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.

