Скопје
Општина Центар со помош за пензионерите; Герасимовски најавува еднократна помош од 2.000 денари по корисник
Општина Центар распишува јавен повик за доделување еднократна финансиска поддршка наменета за пензионерите со пензии до 20.122 денари, кои се жители на општината. Јавниот повик е отворен од денеска, 21.11.2023 година, заклучно до 6.12.2023 година.
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, појасни дека висината на еднократната финансиска поддршка изнесува вкупно 3.500.000 денари, односно по 2.000,00 денари од корисник, а исплатата ќе биде по принципот прв дојден – прв услужен сѐ до исцрпување на средствата во буџетот на Општина Центар за 2023 година.
„Во пресрет на претстојните новогодишни празници и семејни слави верувам дека овие средства ќе им помогнат на нашите повозрасни сограѓани да ја збогатат трпезата или да ги олеснат семејните трошоци. Општина Центар втора година по ред обезбедува поддршка за повозрасните граѓани во општината – пензионерите. Искрено верувам дека оваа помош ќе биде добредојдена. Затоа ги повикувам граѓаните што ги исполнуваат условите да аплицираат на јавниот повик и да станат корисници на мерката“, изјави Герасимовски.
За остварување на правото на користење на финансиската поддршка, заинтересираните граѓани треба да бидат корисници на старосна, семејна или инвалидска пензија не повисока од 20.122,00 денари и да бидат жители на општина Центар, Скопје. Граѓаните што ги исполнуваат овие услови ќе треба да поднесат: барање за доделување финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и доказ од последна примена пензија (потврда/чек издаден од банката во која се прима пензијата за последните 2 месеца, односно за септември или октомври 2023 година). Барањето за доделување финансиска поддршка за пензионери во социјален ризик е достапно во просториите на Општина Центар – Скопје (архива на Општина Центар – Скопје, барака 6) и на веб-страницата на Општина Центар – Скопје https://www.centar.gov.mk/?p=19130. Потребната документација може да се достави секој работен ден во барака 6 (сала на Советот на Општина Центар – Скопје), од 9 до 14 часот.
Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на општина Центар ќе ги разгледува и ќе одлучува по поднесените барања за остварување на правото за финансиска поддршка. На пензионерите што аплицирале и ги исполниле потребните критериуми Општина Центар – Скопје ќе им изготви решенија за доделување финансиска поддршка. Исплатата на предвидениот износ за финансиска поддршка (во висина од 2.000,00 денари) ќе ја изврши Секторот за финансиски прашања на Општина Центар – Скопје директно на трансакциските сметки, кои барателите ги доставиле како потребна документација. Исплатата ќе биде реализирана до крајот на 2023 година.
Општина Центар ги повикува сите пензионери, кои се корисници на старосна, семејна или инвалидска пензија и ги исполнуваат потребните критериуми, да аплицираат и да го остварат правото за доделување финансиска поддршка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

