Скопје
Општина Илинден прва општина во Македонија со примена „е-кат шалтер"
Општина Илинден во соработка со Агенцијата за катастар на недвижности од средата, како прва општина во Македонија, ја воведе новата услуга „е-кат шалтер”.
Со оваа услуга граѓаните на шалтерите во Општината можат да добиваат Имотен лист, Лист за предбележување на градба, Евидентен лист, Пописен лист со незапишани права и Лист за времени објекти.
На стартот на отпочнувањето со новата услуга, покрај градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски присуствуваа и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славе Трпески и директорот на Скопската подрачна единица, Диме Спасов.
Целта за воведување на шалтер на електронскиот катастар е подобрување на јавните услуги за граѓаните, квалитетен и побрз пристап до бараните услуги.
Првите граѓани кои во средата извадија имотни листови во Општина Илинден, за медиумите рекоа дека презадоволни од услугата. Според нивните зборови, тие не само што заштедиле време, бидејќи не мораат да патуваат до Агенцијата за катастар, туку и пари.
Општина Илинден со цел на своите граѓани да им го олесни патот за доаѓање до потребните документи и во иднина, како и досега, ќе ги следи и применува сите новини од областа на информатичко-компјутерската технологија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.

