Скопје
Промовирана aндроид апликацијата 'Види, пријави, поправи'
Андроид апликацијата „Види, Пријави, Поправи“, беше промовира во понеделникот од страна на заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска.
„Министерство за информатичко општество и администрација дава целосна поддршка на овој проект со цел да се олесни процесот на комуникација меѓу граѓаните и општините, како и да го поедностави делегирањето на задачите на теренските екипи на самите општини. Инвестирањето во градењето на информатичко општество останува еден од главните приоритети на Владата на Република Македонија. Само на тој начин, технологијата ќе претставува еден од главните катализатори на развојот на Република Македонија“, рече во своето обраќање Арсовска Томовска, на промоцијата којашто се одржа во скопската општина Аеродром.
Апликацијата е дел од активностите на УНДП Проектот за зајакнување на националниот и локалите системи на интегритет, кој има за цел зголемена транспарентност и отчетност на општините кон граѓаните и подобрување на услугите што општината ги дава, а од друга страна и можност граѓаните да се вклучат поактивно во работењето на општинската администрација при решавање на проблемите.
„Очекувам дека апликацијата ‘Види, пријави, поправи’ ќе биде еднакво успешна како и претходните два проекти што ги реализиравме во соработка со УНДП, и дека на граѓаните ќе им дадеме добра можност во секое време да не потсетуваат и да ни кажуваат каде најитно треба да се интервенира“, рече градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски.
На промоцијата присуствуваа и градоначалниците на општините Кисела Вода и Гази Баба, Билјана Беличанец и Тони Трајковски, претставникот на УНДП во Македонија, Алесандро Фракасети како и директорот на YES бизнис инкубаторот, Љупчо Деспотовски./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.

