Скопје
Нема веќе 'најлонки' на 'Австралиска' во Ѓорче

Надминат е долгогодишниот проблем со кој се судруваа жителите од улицата „Австралиска“ во скопската општина Ѓорче Петров, откако локалните власти ја асфалтирана во должина од 120 метри.
Поставена е и нова водоводна , канализациска и атмосферска мрежа со што некогашниот „мини базен“, како што го викаа месните жители, во населбата „Даме Груев“ доби сосема нов и современ лик.
Граѓаните кои долго време ја бараа реализацијата на овој проект веќе не ќе мора да носат пластични кеси на чевлите за да можат да излезат од дома. Калта и дупките преполни со вода претставуваа долгогодишен проблем за жителите. Рaботите ги изведе „Гранит“ од Скопје а средствата се обезбедени од буџетот на општината Општина Ѓорче Петров./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)