Скопје
Поставени темелите на храмот 'Св. Тројца' во скопски Аеродром
Во скопската општина Аеродром, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и свештеници од скопското архиерејско намесништо, во понеделникот извршија осветување и поставување на камен-темелник за изградба на нов храм „Света Троица” чијшто ктитор е Сергеј Самсоненко и неговот семејство, инаку сопственик на машкиот и женскиот ракометен клуб Вардар, како и на фудбалскиот клуб Вардар.
Во присуство на голем број на граѓани, на денешниот настан присуствуваа градоначалникот на општина Аеродром, г. Ивица Коневски, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, Рускиот амбасадор во Република Македонија, Олег Шчербик, кои заедно со ктиторот на новиот храм, и Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан го поставија камен темелникот на новиот храм.
Според ктиторот на овој православен храм, Сергеј Самсоненко, станува збор за спој на руско- македонската историја која ја негуваат овие народи.
„Градењето на овој храм е за мене претставува нешто посебно. Од моето доаѓање во Македонија сфатив дека македонскиот и рускиот народ се многу блиски, дека историјата го покажала вистинското лице на овие народи. Среќен сум што можам да ја зацврстам оваа врска преку моите вложувања во оваа земја. Овој храм е споменик на вековните духовни односи меѓу Македонија и Русија и се надеваме дека ќе овозможи мир и спокој на секого”, рече Самсоненко.
Храмот треба да е готов следната 2015 година./крај./мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




