Скопје
Парада на мотоциклисти „Да видите колку нè има“

Парадно дефиле и едукативен собир на мотоциклисти под мотото „Да видите колку нè има“, ќе се одржи в недела (22. јуни) во 11 часот пред Порта Македонија во Скопје, во рамки одбележување на „Неделата за безбедност на мотоциклистите”.
Како што најави Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот, на парадното дефиле учество ќе земаат мотоциклисти од мотоциклистичките клубови, претставници на спортските здруженија како и сите заинтересирани граѓани на Македонија.
На настанот ќе присуствува и министерката за знатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Целта на оваа манифестација е подобрување на безбедноста на мотоциклистите како ранлива група на учесници во сообраќајот преку подигање на јавната свест за правилно однесување на мотоциклистите во сообраќајот односно почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на мотоциклистите и подигање на јавната свест кај сите учесници во сообраќајот за почитување на мотоциклистите како ранлива група учесници во сообраќајот.
Оваа манифестција е организирана од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи, Град Скопје, Мотоциклистичката федерација на Македонија и сите останати партнери кои учествуваат во кампањата „Недела за безбедност на мотоциклистите “.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Герасимовски: Концерт на Јанг Дади на 27 август во Паркот на франкофонијата, ги поканувам сите скопјани на добра музика

На 27 август, Центар ќе пулсира во ритамот на добрата музика. Општина Центар, во рамки на проектот „На одмор сум, во Центар сум“, организира концерт на еден од најактуелните македонски изведувачи Јанг Дади што ќе се одржи во Паркот на франкофонијата, со почеток од 19:00 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите центарци и скопјани коишто се останати во градот да дојдат и да уживаат во вечер исполнета со позитивна енергија, музика и забава под отворено небо.
„Ги поканувам сите скопјани, млади, семејства, пријатели и сите љубители на музиката да дојдат во Паркот на Франкофонијата и заеднички да уживаме во песните на Јанг Дади. Исто така, Стела и Сани ќе ги забавуваат најмладите, ајде сите заедно да уживаме во вечер исполнета со енергија, смеа и добар ритам. Културата е најубавиот начин да го зближиме градот и затоа ве поканувам да бидеме дел од оваа летна приказна. Ве чекам во среда, на 27 август на музика што поврзува“, вели Герасимовски.
Македонија
Гази Баба почна акција за обележување пешачки премини

Општина Гази Баба започна со активности за обележување на пешачките премини на локалните улици, со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и подобрување на сообраќајната сигнализација во урбаните заедници.
Вчеравечер, екипите на Јавното комунално претпријатие „Гази Баба“ извршија обележување на пешачките патеки во населбата Железара, како дел од поширока акција за системско одржување и обнова на хоризонталната сигнализација.
„Пешачките премини имаат суштинско значење во сообраќајната безбедност, особено во урбаните средини каде што е зголемен интензитетот на сообраќај. Тие претставуваат клучен елемент во заштитата на пешаците, особено на децата, повозрасните лица и лицата со попреченост. Обновената и јасно видлива сигнализација значително придонесува за зголемена безбедност и поефикасно функционирање на сообраќајниот систем.
Денес активностите продолжуваат во населбата Автокоманда, а во текот на следните денови ќе се реализираат и во останатите урбани заедници низ општината“, соопшти Општината.
На терен, заедно со екипите до доцна во ноќта, беа и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, како и директорот на ЈКП „Гази Баба“, кои лично го следеа спроведувањето на акцијата и ги поддржаа теренските тимови.
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.