Скопје
3Д ЕКО-автобус за едукација на учениците од општина Кисела Вода
Преку едукативна интерактивна презентација „Селектираме и рециклираме со Пакомак“, учениците од ОУ „Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство” од населбата Драчево се запознаа со методите за современо третирање на отпадот.
Точно во 8.00 часот 3D ЕКО-БУСОТ беше паркиран во дворот на училиштето и во него, сите ученици од прво до петто одделение, во неколку групи имаа можност да ја проследат интерактивната видео презентација и да учествуваат во едукативниот квиз.
Низ еко содржините на оригинален начин, ги водеше популарниот ТВ водител Ивце Пивце, кој со нив разговараше за нашите права и обврски кон животна средина.
Преку интересна видео приказна учениците се запознаа со начините за селекција на отпадоците, кои потоа ќе бидат рециклирани и од нив ќе се добијат корисни производи.
Видео приказната, учениците ја проследија со помош на 3D очила. Со помош на електронски далечински управувачи имаа можност да учествуваат во едукативниот натпреварувачки квиз, со цел развивање на повисока еколошка свест за зачувување на животната средина.
Учениците освен што учеа, играа, се натпреваруваа и навиваа. На крајот, секој ученик доби скромен подарок од Пакомак. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

