Контакт

Скопје

„4 години работа за тебе“: Скопските градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ја заокружија четиригодишната мисија

Објавено пред

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе” свое обраќање на панел дискусијата имаа скопските градоначалници.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, образложи што е направено изминатите 4 години за општината односно ги истакна клучните проекти кои се направени изминатиот период како вложувањето во патната инфраструктура, изградба на градинки, инвестирање во образованието со изградба на основни училишта и спортски терени, притоа истакнувајќи дека сето тоа искуство ќе го пренесе и за градот Скопје.

„Во минатото имавме еден затворен однос од институциите, ниту пак некој ни подаде рака различна е состојбата од кога се направија промени на централно ниво, откако претседателот Христијан Мицкоски е на чело на Владата на Република Македонија. Еден од најгорливите проблеми за нашето население во Кисела Вода, особено за младите брачни парови, беше недостатокот на места во градинките, ние ја наследивме општината со над 450 дечиња на листите на чекање. Во финална фаза ни е градинката во Потстаница, се потрудивме во изминатиот период да во секое населено место да обезбедиме објект во којшто ќе бидат згрижувани дечињата и практично листите од 450 ги сведовме на нула, што е сериозен прогрес. Што се однесува до основното образовани и инвестициите таму, во моментот сме во фаза на доградба на две основни училишта, каде што нашата интенција води кон тоа и од аспект по практично да биде за родителите но и од аспект на заштеди на институциите, особено за општината и основните училишта , да воведеме едносменско работење на сите основни училишта“, рече Ѓорѓиевскки.

Ѓорѓиевски истакна дека се изградени многу спортски терени и дека е направена модерна, современа патна инфраструктура како и дека е решен проблемот со дивеењето урбаната мафија во Расадник, со тоа што се поништени 99 маркици за градба.

„Повеќе од 20 спортски терени се изградени изминативе 4 години во општина Кисела Вода, во моментов се градат три нови спортски сали и четири се целосно реконструирани. 70 километри патна инфраструктура имаме за четири години во Кисела Вода, создадовме модерна современа патна инфраструктура и сите населени места бидат обезбедени со подземна инфраструктура, тоа подразбира водоводна и одводна мрежа. Она што претставуваше горлив проблем во минатото беше и дивеењето на урбаната мафија, јас бев еден од ретките кој што спроведе Меѓународен конкурс за идејно решение за деталниот урбанистички план во Расадник и поништивме 99 маркици за градба таму“, истакна Ѓорѓиевски.

„Наследивме општина која беше финансиски, исклучително, девастирана без можност за раст и развој. А, во сиот овој период, успеавме да ги сервисираме сите стари долгови кои што беа повеќе од 4 милиони евра, вклучувајќи ги кредитите, да ги вратиме сите тие средства и да бидеме во функција сами да градиме иднина за Ѓорче Петров“, вели Александар Стојкоски, градоначалникот на општина Ѓорче Петров на денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“.

Стојкоски посочи дека во изминатите четири години, најмногу се задржале во изградбата на инфраструктурата, но сепак се градеше и инвестираше во сите области.

„Успеавме да ја реконструираме и да изградиме од ново над 150 улици, а во моментов сме во постапка за изградба на уште околу 90-тина улици или приближно, 20 километри нова патна инфраструктура, надодадена на оние 40 километри кои што ги изградивме за време на мандатот, вклучувајќи ги тука и деловите во урбаниот и руралниот дел на општината“, истакна Стојкоски.

Покрај изградбата на улици, посочи дека се работеше и на изградба на нови линии за атмосферска и фекална канализација во деловите каде што имаше потреба.

„Но, она што најмногу радува е тоа што успеавме да ги зголемиме капацитетите за сместување во детските градинки. Градиме нова градинка за прв пат во Стопански Двор, во постапка сме за уште една нова детска градинка во населбата Дексион. Го отворивме првиот сензорен центар кој е прв од таков тип во Република Македонија во градинката Пампучево во Ѓорче, го реконструиравме 100 години стариот објект на кој му дадовме живот на објектот на основното училиште во Кучково, кој што ќе служи за првиот регионален центар за децата кои што се излекувале од карцином“, рече, меѓу другото, Стојкоски.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски истакна дека општина Гази Баба била затворена општина каде што наместо граѓаните да одлучуваат одлучувале поединци, како и дека општината имала голем број нерешени предмети и бесправно изградени објекти и дека истите тие се веќе решени.

„Навистина јас начекав една затворена општина во којашто наместо граѓаните да одлучуваат три, четири луѓе од локалната самоуправа, голем број на нерешени предмети на граѓаните, предметите за легализација на бесправно изградени објекти, сите предмети коишто ја имаа комплетирано уредно својата документација се решени веќе во општина Гази Баба. Навистина покажавме дека како тим можеме да работиме поинаку, дека може да се работи чесно, транспарентно и посветено за доброто на секој еден граѓанин“, рече Стефковски.

Стефковски истакна дека општината се посветила на комуналната и патна инфраструктура, дека се реализирани 670 проекти, подобрување во водоснабдувањето во руралните населени места, како и фокус на образованието.

„Особен фокус ставивме на комуналната инфраструктура и подобрување на патната инфраструктура , во изминатите четири години во општина Гази Баба се реализираа вкупно 670 проекти што е навистина за поздрав, од аспект на изградба на фекална инфраструктура изградивме вкупно 32 км фекална канализациона мрежа во неколку населени места, го подобривме водоснабдувањето во руралните населени места, асвалтиравме и поплочивме вкупно 170 улици, една импозантна бројка, со макотрпна работа промените се веќе видливи, особено фокус во нашето инвестирање беше образованието, обезбедивме бесплатни униформи за сите 6800 ученици во основните училишта, доделуваме 5000 денари за секое новороденче, и 3000 денари за секое семејство коешто ќе има прваче на почетокот на учебната година“, дециден е Стефковски.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески рече дека пред четири години општина Аеродром била општина со 0 транспарентност, максимална затвореност, тешка пристапност од страна на граѓаните и општина која не работела во интерес на граѓаните.

„Ние пред 4 години наследивме една општина којашто имаше 0 транспарентност, општина којашто не работеше во интерес на граѓаните, беше максимално затворена и граѓаните имаа тешка пристапност. После само четири години, последниот извештај на ЦЕА во однос на транспарентноста не рангира на второ место во Македонија, со максимален број на поени, што покажува дека многу сме работеле во таа насока на транспарентност и отвореност кон граѓаните“, рече Митески.

Митески објасни дека општината била предмет на урбан хаос, но сега статистичките податоци покажуваат дека одобренијата за градење се значително намалени.

„Пред четири години наследивме една општина којашто беше предмет на урбан хаос, во општина во којашто имавме повеќе кранови за згради отколку насадени дрвја, и тоа е нешто на коешто посветивме максимално внимание како општина како институција да воведеме ред во тој урбан хаос. Статистичките податоци покажуваат дека во овој мандат споредбено со претходниот мандат бројот на издадени одобренија за градење, за нови станови за 86% намален, тоа значи многу помалку станови и многу повеќе вложување во инфраструктурата“, објасни Митески.

Градоначалникот истакна дека во Аеродром во исто време се градат основни училишта, детска градинка како и спортски сали.

„Во изминатава година во Аеродром за прв пат во исто време се градат и основни училишта и детска градинка и спортска сала, нешто што досега не се случило 20 години откако постои општината, заедно со мојот тим градиме проекти коишто не се само железо и бетон проекти коишто не се само хартија, туку проекти коишто ќе значат насмевки, коишто ќе значат радост, проекти од коишто ќе извадиме утре идни спортисти, вложуваме во спортска инфраструктура, во изминативе четири години работевме апсолутно во интерес на граѓаните во решавање на проблемите“, дециден е Митески.

Градоначалникот на општина Сопиште, Стефче Трпковски ги наведе клучните проекти за својата општина.

„Со јасна визија, чесен и транспарентен пристап стигнавме до конкретни резултати покажавме што значи одговорна локална власт. Мојот трет мандат го започнав со изградба на прочистителна станица за населено место Ракотинци, потоа продолживме со промена на јавното осветлување, со овој проект освен што заштедивме средства во буџетот, го подобривме и осветлувањето. Изградивме нова детска градинка со капацитет од 84 дечиња, го доизградивме културниот дом и го опремивме овој е центар на многу културни настани, проектите се бројни, реализиравме проекти кои беа по барање на жителите. Асфалтиравме повеќе од 20 улици, потпишавме меморандум со Стоматолошкиот факултет во Скопје за жителите на општина Сопиште бесплатно да имаат стоматолошки услуги и прегледи“, вели Трпковски.

Градоначалникот на општина Зелениково, Коста Маневски ги наведе клучните проекти за својата општина, истакнувајќи дека со транспарентно работење и јасна визија се доаѓа до резултати кои се од големо значење за граѓаните на општиниа Зелениково.

Градоначалникот Маневски истакна дека за прв пат во Зелениково ќе се изгради градинка со капацитет за 86 деца, кој како проект ќе обезбеди над 20 нови вработувања, исто така потенцираше дека општината обезбедува еднократна помош од 5.000 денари за секое новороденче.

„Во една мала општина како што е Зелениково, е многу тешко да се работи од причина што таа има многу мал буџет, од самиот почеток на мојот мандат наследивме многу лоша финансиска состојба, заедно со општинската администрација, со советот со граѓаните на општина Зелениково, ги детектиравме реалните потреби и започнавме веднаш со работа, со припрема на урбанистичка, планска документација. Благодарение на Владата на Република Македонија за прв пат во општина Зелениково ќе се изгради градинка со капацитет за 86 деца, тоа е проект и кој ќе обезбеди повеќе од нови 20 вработувања, отворен е целодневен престој за учениците од прво до трето одделение, за прв пат нашата општина, обезбедува еднократна парична помош за секое новородено дете во висина од 5.000 денари, се обезбедува еднократна финансиска помош 3.000 денари за секое запишано дете во прво одделение, обезбедени се училишни униформи“, рече Маневски.

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски на денешниот настан саем-Отчет под мотото 4 години работиме за тебе се осврна на состојбата во општината или што се се правело во изминатите четири години.

Георгиевски укажа дека Илинден е општина препознатлива по економските зони, а според едно истражување од неодамна по глава на жител најбогата или како што рече Илинден е центарот на индустријата.

Георгиевски укажа дека многу инвестираме и во подобар живот на граѓаните.

„Ќе ја потенцирам комуналната инфраструктура која е многу важна. Само во делот на улици и патишта се изградени и реконструирани над 230 патишта. Во делот на фекалната канализација и управување со животна средина направивме над 23 километри фекална канализација, над 8 километри водоводни линии. Во делот на улично осветување направивме 18 километри нови линии на улично осветлување“, информираше Георгиевски.

Георгиевски се осврна и на инвестициите или вложувањето за најмладите жители на општина Илинден.

„Во делот на образованието и детската заштита изградивме ново училиште со капацитет над 450 ученици, а кога станува збор за детските градинки го зголемивме опфатот за уписи на над 150 нови места“, кажа Георгиевски.

Градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски наведе што е реализирано изминатите години, кои се инвестициите кои се направени за општината, истакнувајќи ги трите индустриски зони, изградбата на нови училишта, детски градинки, фудбалски стадиони, забавни паркови како и велосипедска патека.

„За да бидеш успешен градоначалник треба да имаш визија за својата општина, таква приказна имав јас за општина Петровец. Направивме три индустриски зони од кои најголемата зона Чојлија со 230 хектари, тука имаме некаде околу 170 инвеститори како странски така и домашни и заедно со Илинден сме водечки општини по влезот на странски и домашни инвеститори. Со отворањето на зоните го решивме проблемот со вработувањето во нашата општина го решивме финансискиот проблем со општина Петровец, продолжуваме да инвестираме во сите населени места имаме 17 населени места немаме населено место каде што немаме водоводна мрежа или канализациона мрежа, изградивме локални улици со бекатон и со асфалт , изградивме нови училишта, детски градинки во тек е изградба и на трета детска градинка, со што трајно го решаваме проблемот со упис на деца, изградивме нова општинска зграда ги подобривме услугите, изградивме четири фудбалски стадиони за натпревари во втора лига, детски забавни паркови и велосипедска патека“, рече Митевски.

Градоначалникот истакна дека граѓаните можат да очекуваат во иднина реализација на многу проекти, меѓу кои и нов Културен дом како и проширување на урбанистичките планови.

„Жителите на општина Петровец што можат да очекуваат во иднина, за само 10 дена ќе бидеме сведоци на нов Културен дом во Петровец, ќе финансираме во сферата на младите, она што ветувам и реализирам. Ќе продолжиме со проширување на урбанистичките планови, имаме голем број на млади брачни парови тоа е иднината на општина Петровец, тоа го заслужуваат жителите“, вели Митевски.

Македонија

„Финансиска поддршка за квалитетни проекти и активности“: Герасимовски упати јавен повик за граѓанските организации

Објавено пред

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, упати повик до сите зруженија и фондации кои дејствуваат на територијата на општина Центар да се пријават за финансиска поддршка за 2026 година.

dobivaj vesti na viber

Средствата се наменети за поддршка на локалната заедница, со фокус на развојот на микро-бизнисите, програмите и проектите за млади, социјалните услуги, родовата еднаквост, заштитата на животната средина и образованието за возрасни.

Герасимовски посочи дека невладините организации се докажани партнери на општината, промотори на позитивни вредности и нови идеи.

„Ги повикувам сите здруженија и фондации што имаат добра идеја и квалитетен проект да се пријават на јавниот повик и да ја искористат можноста за финансиска поддршка“, порача градоначалникот Герасимовски.

Рокот за поднесување пријави и документација е 10 дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар.

Пријавите може да се достават преку пошта на адресата Општина Центар – Скопје, улица „Михаил Цоков“ бр. 1, или во Архивата на Општина Центар (барака 6) од 9 до 15 часот.

Повеќе информации за јавниот повик на: Јавни повици | Општина Центар

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза

Објавено пред

Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

dobivaj vesti na viber

„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја денеска дел од Бутел

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

Ризик по животот: Човекот кој се искачи на Тајпеј 101 без заштита земал половина милион евра

Американскиот алпинист Алекс Хонолд изјави дека му е платен „смешно мал“ надомест за да се искачи на облакодер од 488...

Топ11 часа

Се претставил како инспектор, изнудил пари од жена за наводна сообраќајка, па бил фатен на граница

СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, поднесе кривична пријава до Основното јавно...

Топ11 часа

Пешак се бори за живот на Ургентен во Скопје , малолетник го удрил со автомобил

Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак, кој се бори за живот во Ургентен цнетар во Скопје, информираа денеска...

Свет13 часа

Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти

Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред...

Свет14 часа

Киев е без греење на минусни температури, Зеленски бара поддршка за воздушна одбрана додека

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од сојузниците поголема поддршка за воздушна одбрана, бидејќи стотици згради во Киев се без греење...

Македонија18 часа

Безбеден град ќе казнува по 500 евра и една година без возачка за брзо возење

Министерството за внатрешни работи денеска во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на...

Македонија19 часа

Да беше жив Тоше Проески денес ќе полнеше 45 години

На денешен ден, 25 јануари 1981 година, е роден Тоше Проески, македонски пејач чиј музички опус и хуман ангажман го направија...

Македонија19 часа

АХВ за една година спровела над 125 илјади контроли и наплатила 618 илјади евра

Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на...

Македонија19 часа

Денес може да се дарува крв во чест на хуманоста на Тоше Проески

Во рамките на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје и оваа година ќе се реализира крводарителска акција...

Македонија1 ден

Адвокатката на газда Деко од „Пулс“ бара надлежните да реагираат откако родителите на загинатите деца ја ставија на транспарент

Адвокатката Ивана Коцевска, која е бранител на прво и на третообвинетиот во процесот „Пулс“ денеска излезе со реакција, поради употреба...

Македонија1 ден

Семејствата на загинатите во „Пулс“ со порака: Правдата што доцни не е правда

„Правдата што доцни не е правда“ – ова беше пораката што денеска повторно одекна во Кочани, од блиските на загинатите...

Свет1 ден

Зеленски: Трилатералните разговори беа конструктивни

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека трилатералните разговори меѓу делегациите на Украина, Русија и САД во Абу Даби биле...

Топ2 дена

86-годишна жена од Виница измамена за 30.000 евра, лажен лекар ја довел во заблуда дека ќерката е повредена

Осумдесет и шестгодишна жена од Виница пријавила дека била жртва на телефонска измама во која останала без 30.000 евра, откако...

Свет2 дена

Завршија преговорите меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев во Абу Даби

Во Абу Даби предмалку завршија преговорите за безбедноста на Украина  меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев, јавијха руските медиуми....

Македонија2 дена

Државата наплати данок од над 2 милиони денари од донациите за настраданите во пожарот во Кочани

Иницијативата „Супорт Кочани“ ја реализираше третата распределба на средства собрани преку заедничката наменска сметка за донации. На лица директно погодени...

Свет2 дена

На минусни температури, 6.000 згради во Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад

Речиси 6.000 згради во украинската престолнина Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад, изјави градоначалникот на градот, Виталиј Кличко,...

Регион2 дена

Крвава ноќ во Калуѓерица, маж по расправија со девојка се прободел со кујнски нож

Д.Г. (40) се повредил со нож во пределот на стомакот по расправија со девојка. Инцидентот се случил во белградската населба...

Македонија2 дена

Со понудени куќи, булдожери и милионска гаранција конзулот Марковски излезе од притвор

Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони, се гаранцијата која ја дал сопственикот на „Марковски...

Македонија2 дена

По денешните протести, Синдикатот на „Македонска пошта“: Надминати се сите проблеми, декемвриската плата е исплатена

Незадоволството на вработените во Македонска Пошта денеска прерасна во организиран протест низ целата држава, а причина за ваквата реакција и...

Европа2 дена

(Видео) Се појавија првите снимки од денешната средба: разговорите меѓу САД, Украина и Русија во Абу Даби ќе продолжат утре

Трилатералните разговори меѓу САД, Украина и Русија, што се одржаа денес во Абу Даби, беа оценети како продуктивни и ќе...