Скопје
Познати добитниците на наградата „13 Ноември“
Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, во среда, по спроведеното тајно гласање, и официјално ги објави добитниците на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2015 година.
Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, во среда, по спроведеното тајно гласање, и официјално ги објави добитниците на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2015 година.
Добитници на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2015 година од областа на науката и публицистиката се: Проф.д-р. Димитар Мирчев,за висок придонес во развојот на политичките и општествените науки и образованието и посебно за Тетралогијата за македонскиот идентитет и суверинитет (2012-2015) и доц. д-р Беким Кадриу, за постигнати резултати во областа на правната наука .Од областа на образованието и воспитанието добитник е Баки Бакиу, за заокружена творечка континуирана животна работна целина во областа на воспитанието, образованието и публицистиката.Од областа на културата наградата ја добија Џабир Ахмети, за долгогодишно остварување во областа на културата и книжевниот превод и Братислав Димитров, за петте книги во кои е вреден и вљубен хроничар на градот Скопје.Наградата од областа на уметноста и архитектурата ја добија Јелена Жугиќ, за особен придонес во популаризацијата на театарската уметност во град Скопје и за основање на Националната установа Театар Комедија, Скопје,за негово етаблирање и успешно раководење и проф.д-р Јован Стефановски-Жан, за остварувања во областа на архитектурата.Од областа на здравствената заштита и хуманитарната активност добитник е Поликсена Илиоска, за долгогодишни остварувања во областа на хуманитарната дејност и придонес за афирмација на градот Скопје и Република Македонија, како и проф. д-р Гордана Петрушевска, за особено врвни постигнувања во областа на медицината.Од областа на спортот добитник е Стојна Вангеловска , за постигнати врвни спортски резултати и Игор Стефановски, за постигнати врвни резултати и освојување на медали во автомобилизмот во ридско брзинските трки.За ученици и студенти награден е Марко Младеновски, за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности.Тајното гласањето го спроведе Комисијата што ја именува Одборот, во следниот состав: претседател Бранко Цветкоски и членови: д-р Стојан Киселиновски, д-р Марко Китевски, д-р Михаил Груневски, Никола Фиданоски, Авни Халими, Петар Гичаровски, Санде Стојчевски, д-р Изаим Муртезани, д-р Скендер Асани и проф. д-р Људмил Спасов.Наградата „13 Ноември на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Градот Скопје за остварувања, во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштита и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот. Наградата може да се додели и на физички и правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот. Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на Градот Скопје.Наградите на посебна свеченост ги врачува градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.
Македонија
(Фото) „Водовод“ отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, известува, дека со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.

„Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите.

Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на ЈП Водовод и канализација -Скопје, на улица Ѓорче Петров, до Тинекс маркетот, и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот“, соопшти „Водовод“.

Од таму информираат дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.

