Скопје
Акција за подигнување на нерегистрирани возила во Аеродром
Општина Аеродром од понеделник во соработка со надлежните служби од МВР и пајак службата на ЈП „Градски паркинг“ ќе почне акција за подигнување нерегистрирани хаварисани моторни возила на целата урбана територија.
Се известуваат жителите на Општина Аеродром дека акцијата опфаќа подигнување нерегистрирани хаварисани возила коишто неколку години не се користат и истата се спроведува поради тоа што тие возила претставуваат опасност за жителите, ја нагрдуваат околина и зафаќаат јавна површина (која служи на оние кои ги користат своите возила)., стои во соопштението
Подигнатите возила ќе се носат на паркингот на ЈП „Градски паркинг“, од каде што сопствениците можат да ги подигнат своите возила. Паркингот на Секторот „Пајак служба“, каде се чуваат подигнатите возила, се наоѓа спроти Народна банка на Република Македонија.
Општина Аеродром апелира до жителите на нејзината територија сами да ги тргнат нерегистрираните возила, со цел да не се изложуваат на непотребен трошок за подигнување на своите возила од паркингот на ЈП „Градски паркинг“.
Оваа акција се презема пред сè за да се зголеми еколошката свест кај граѓаните и да се подигне урбаното живеење на повисоко ниво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.

