Скопје
Акција за проценка на популацијата на кучињата скитници во Скопје
Агенцијата за храна и ветеринарство овој месец ќе спроведе акција за проценка на популацијата на кучињата скитници на територијата на град Скопје која ќе се реализира со поддршка на Кралското здружение за заштита на животните од суровост од Велика Британија (RSPCA).
Во тек се подготвителните активности за извршување на процената која ќе ја спроведат шест волонтери, распоредени во три тимови. Волонтерите се обучени за извршување на оваа активност и ги поседуваат неопходните знаења и вештини за соодветно извршување на процената на популацијата бездомни кучиња.
Методологијата и начинот на извршување на процената е во согласност со упатството за проценка на популација на кучиња скитници на Светското здружение за заштита на животните (WSPA). Согласно дефинираната методологија, градот Скопје е поделен на 100 реона, а броењето ќе се изврши во 24 реони.
Освен за бројната состојба за популацијата бездомни кучиња во главниот град, со пребројувањето ќе се соберат и податоци за полот на кучињата, за тоа дали се работи за куче скитник или за куче кое има сопственик, но има пристап до улица и јавна површина.
Ќе се евидентираат и податоците за тоа дали станува збор за куче кое веќе е заловено од страна на надлежното прифатилиште односно дали истото е соодветно видливо обележано, а со тоа и дека истото е стерилизирано и вакцинирано.
Волонтерите ќе вршат и проценка на телесната кондиција на кучињата, а ќе се забележува дали животните имаат повреди на екстремитетите или на кожата.
Последна проценка на популацијата на кучиња скитници на територијата на град Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство изврши во 2010 година а спроведено е и истражување на јавното мислење во однос на домашните миленици и кучињата скитници.
По завршување на активностите за спроведување на второто пребројување на бездомните кучиња во Скопје, Агенцијата ќе направи и компаративна анализа во однос на податоците од спроведената проценка во 2010 година.
Освен во Скопје, проценка на популацијата кучиња скитници и истражување на јавното мислење, Агенцијата за храна и ветеринарство има спроведено и во Тетово, Гостивар и Неготино. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

