Скопје
Акција за собирање кабаст отпад во Ново Лисиче, РЦ „Аеродром“, Лисиче и Горно Лисиче

Општина Аеродром во соработка со Град Скопје, поточно со јавното претпријатие „Комунална хигиена“, во петок, 13 мај, ќе почне акција за собирање кабаст отпад.
Акцијата ќе се одвива во Ново Лисиче, Реонски центар „Аеродром“, населбата Лисиче и Горно Лисиче, кога граѓаните кои имаат кабаст отпад, во временски интервал од 07:00 до 11:00 часот, ќе можат да го одложат пред своите домови, доколку живеат во куќа, или пак, пред зграда, ако живеат во колективни станбени домаќинства. При тоа, треба да се внимава отпадот да не го попречува движењето на пешаците и возилата, но и местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена“ за тие да можат непречено да го соберат отпадот.Акцијата на 14 мај, пак, ќе се одвива во населбите Мичурин, Стар Аеродром, Острово и Јане Сандански.Под кабаст отпад се подразбира делови од мебел, бела техника, електронски апарати, но не и градежен шут. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје
Затекнати камиони како истураат огромни количини отпад на приватна дива депонија во Драчево

Инспекторите на Град Скопје при вршење на вонреден инспекциски надзор во околината на населено место Драчево, на улицата „Јустинијан“ затекнале камиони како истураат огромни количини отпад на приватна дива депонија на територија меѓу Општина Кисела Вода и Студеничани. Станува збор за дива депонија со површина од 5.000 квдратни метри на приватен имот.
-При вршење на вонредната контрола затечена е фирмата „ГО-ИВА Бетон“ како со тешки товарни возила фрла отпад, што е спротивно на Законот за Управување со отпад и Законот за заштита на животната средина. Повторно некој свесно и за профит ги труе скопјани, а по неколкудневно следење сторителите се фатени на лице место – соопштија од Град Скопје.
Оттаму додаваат дека инспекторите продолжуваат со засилениот инспекциски надзор на терен 24 часа, со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на животната средина.
-Неселективно се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот. Континуирано поднесуваме кривични пријави за исфрлање и согорување опасен отпад и загрозување на животната средина, за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад, меѓу кои и опасен канцероген отпад – потенцираат градските власти.
Тие велат дека на територијата на Скопје покрај Инспекторатот на Град Скопје, има уште вкупно 14 институции кои имаат надлежност и обврска да постапуваат при загадување на животната средина и загрозување на здравјето на граѓаните.
-Досега единствено градот Скопје реагира, додека останатите не постапуваат иако за истото имаат законска обврска – заклучија од Град Скопје.
Македонија
Герасимовски: Центар е прва општина што обезбеди нега на стари лица во домашни услови

Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски, денеска се сретна со возрасните центарци од пензионерскиот клуб „Гоце Делчев“ кадешто разговараа за нивните секојдневни предизвици, потреби и идеи за подобрување на условите за пензионерите во општината.
Герасимовски, информираше дека за неговиот четиригодишен мандат ги исполнил ветувањата и барањата на пензионерите.
„Во првата година од мандатот, отворивме три нови пензионески клуба и заеднички со пензионерите почнавме да имплементираме нови проекти и да организираме активности. Ние сме првата општина што обезбедивме нега на стари лица во домашни услови, а со новата услуга „Итно копче“ на пензионерите им обезбедуваме помош во итни ситуации, во домашни услови. Во изминатите три години, повеќе од 3.500 пензионери добија еднократна парична помош, а вкупно беа доделени над 10 милиони денари, со што значително се подобри нивниот квалитет на живот. Нашите пензионери се важен дел од заедницата, и затоа е клучно да ги слушнеме нивните предлози и идеи. Продолжуваме да работиме на проекти што ќе им овозможат поголема социјална вклученост, подобри услови во пензионерските клубови и поквалитетен секојдневен живот. Животот е убав во секоја доба“, изјави Герасимовски.
Општина Центар останува посветена на поддршката на своите највозрасни сограѓани, со цел да обезбеди активна и сигурна старост за сите.
Македонија
Дел од општина Илинден денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул.500,од број 24 до 45 во село Марино во општина Илинден.