Скопје
Акција за собирање на кабаст отпад во Кисела Вода
Започна дводневна акција за собирање на кабаст отпад низ општина Кисела Вода.
Камионите на ЈП “Комунална хигиена” во соработка со општина Кисела Вода, од петок наутро започнаа да ги собираат стариот мебел, душеци и друг волуменозен отпад сличен на овој, кој граѓаните го имале во својот дом. Преку Секторот за Месна самоуправа и соработка со НВО, акцијата се спроведува поодделно по урбани заедници според датумот и времето предвидено за одложување на отпадот. Денес ќе бидат опфатени жителите на урбаните заедници Цветан Димов, Бирарија, Црниче, Пржино и 11-ти Октомври – згради, додека утре (05. 03. 2016 година) од 07,00- 11,00 часот, кабастиот отпад пред своите домови, колективните згради на пошироките улици, ќе можат да го депонираат жителите на УЗ Кисела Вода, УЗ. Расадник, УЗ. 11-ти Октомври – бараки, УЗ. Пинтија, УЗ. Бобан Трпков-Драчево, МЗ.село Драчево и МЗ. Припор.Општина Кисела Вода апелира до граѓаните отпадот уредно да го депонираат, како не би се загрозил сообраќајот за автомобилите и пешаците. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.

