Скопје
Бесплатни геодетски елаборати за поплавените
Владата, во пакет-мерките за помош на граѓаните од поплавените подрачја, предвиде и мерка изготвување бесплатни геодетски елаборати за лицата кои поднеле барање за легализација на диво изграден објект.
По предлог на Агенцијата за катастар на недвижности, Владата го усвои Акцискиот план за изготвување бесплатни геодетски елаборати, додека Собранието ги донесе измените на Законот за катастар на недвижности со кои се овозможи Агенцијата за катастар на недвижности да може да врши бесплатни геодетски мерења за недвижностите кои биле зафатени од природни непогоди.Агенцијата за катастар на недвижности досега има примено вкупно 229 барања за изготвување бесплатни геодетски елаборати од страна на жителите на поплавените подрачја. Од овие барања, 57 се поднесени во Агенцијата за катастар на недвижности по писмен пат, односно граѓаните ги поднеле на шалтерите во Катастарот, додека 172 барања се пријавени преку контакт-центарот на Агенцијата за катастар на недвижности телефонски или преку електронска пошта.Во понеделник, Агенцијата за катастар на недвижности започнува со изготвување бесплатни геодетски елаборати од најпогоденото подрачје од поплавите, село Стајковци, а со изготвување бесплатни елаборати ќе бидат опфатени сите населени места од поплавениот регион. Агенцијата за катастар на недвижности за оваа намена формира седум стручни тимови кои сочинуваат повеќе од 20 вработени геодети.При посетата пријавените лица ќе пополнуваат барање за изготвување бесплатен геодетски елаборат.Во зависност од бројот на поднесените барања, стручните тимови ќе бидат на терен сѐ додека не се изврши и последото мерење и сето тоа ќе биде бесплатно за жителите од поплавените подрачја. По завршувањето на мерењата следува канцелариска работа, односно изработување геодетски елаборат, по што истиот ќе биде доставен до странката.Во оваа пригода би сакале да истакнеме дека сѐ уште постои можност за пријавување за оваа мерка и затоа уште еднаш ги повикуваме граѓаните од поплавените подрачја кои поднеле барање за легализација до надлежната општина, а сѐ уште немаат доставено геодетски елаборат, да се јават во инфо-центарот на Агенцијата за катастар на недвижности на телефонскиот број :0800 80 800 – за лица кои се корисници на фиксни телефонски линии на Македонски телеком(02) 317-17-33 за лица кои се корисници на кој било фиксен и мобилен провајдер во РМ, и(02) 317- 38-25 за лица кои се корисници на кој било фиксен и мобилен провајдер во РМ.Агенцијата за катастар на недвижности како и секогаш е подготвена да помогне на граѓаните на кои им е потребна помош, само за потсетување, Катастарот покрај елаборатите за жителите зафатени од природна катастрофа изработува и бесплатни елаборати и за социјално ранливите категории на граѓани./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.

