Скопје
Бесплатни прегледи за Светскиот ден на здравјето 7 Април

Во чест на одбележување на Светскиот ден на здравјето 7 Април, ЈЗУ Здравствен дом Скопје годинава го одбележува со доделување на благодарница на Мартин Безак, амбасадор на Република Словачка и проф.д-р Никола Јанкуловски.
Во чест на одбележување на Светскиот ден на здравјето 7 Април, ЈЗУ Здравствен дом Скопје годинава го одбележува со доделување на благодарница на Мартин Безак, амбасадор на Република Словачка и проф.д-р Никола Јанкуловски.
Благодарниците се доделауваат за покажан хуман гест во придонес на зајакнување на службата за итна медицинска помош преку обезбедување донација на санитетско возило во делот на зајакнување на ресурси за поголемо доближување на блиски здравствени услуги.Во интерес на заедничка соработка Здравствен дом Скопје со Студентскиот парламент на Медицински факултет потпиша меморандум за соработка во дел на практични активности на студентите во Итна медицинска помош при ЈЗУ Здравствен дом Скопје.Традиционално и оваа година Денот на здравјето 7 Април е одбележан со бесплатни превентивни прегледи во Општина Чаир со тим од доктор, медицинска сестра и лаборант./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)