Скопје
Богата програма за годинашнава Мичуринска средба
Општина Аеродром и годинава ќе ја поддржи традиционалната Мичуринска средба, што ја организира Здружението на граѓани „Мичуринска средба“, а која годинава ќе се одржи по деветнаесетти пат.
Централната манифестација е закажана за вторник, 13.1.2015 година, во 19:00 часот, на платото во паркот во населбата Мичурин.
Во рамки на прославата на големиот православен празник „Свети Василиј“, меѓу народот познат како Стара нова година, ќе се одржи богата музичка програма и неизбежното кршење на традиционалната погача со златна паричка и избор на нов кум на средбата.
За цело време на манифестацијата ќе се послужува топол чај, сокови, греена ракија и сендвичи.
Во рамките на овогодишната Мичуринска средба ќе се одржи и ученичката приредба и тоа од 17:00 до 19:00 часот, во чија организација се вклучени младите мајки мичуринки и ученици од ОУ „Блаже Конески“. Училишната програма ќе содржи рецитали, хорски настапи, куклена претстава и модерни танцови. Инаку, музиката за добро расположение во Мичурин ќе почне во 12:00 часот на пладне, со што ќе почне одбележувањето на празникот Василица. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

