Контакт

Скопје

Булевар „Србија“ со уште еден кружен тек ќе продолжи до Кисела Вода

Објавено пред

Со нов кружен тек, булеварот „Србија’ ќе се продолжи и ќе се поврзе со двата краци на улицата „Христо Татарчев“, во скопска Кисела Вода, а во среда почнаа градежните работи.
 

dobivaj vesti na viber

Со нов кружен тек, булеварот „Србија’ ќе се продолжи и ќе се поврзе со двата краци на улицата „Христо Татарчев“, во скопска Кисела Вода, а во среда почнаа градежните работи.

 

Со овој проект ќе се изврши проширување и реконструкција на булеварот „Србија“ од кружниот тек кај Цементара до улицата „Христо Татарчев“, а на крајот од овој булевар ќе се изгради нов кружен тек меѓу булеварот „Србија”, улиците  „Христо Татарчев” и улиците  „Христо Татарчев крак 2″.„Булеварот ‘Србија’ ќе се реконструира и проширува на потег со вкупна должина од 868 метри, каде што ќе се оформат четири сообраќајни летни со ширина од 3,5 метри. Новата траса од десната страна ќе има странично зеленило со ширина од 1,5 метри и пешачко-велосипедска патека со ширина од 3 метри, додека од левата страна ќе има пешачка и велосипедска патека со променлива ширина. Новиот булевар ќе има средишно зеленило со ширина од 2 метри. На крајот од новиот булевар ќе има и кружен тек, кој ќе се формира меѓу бул. „Србија“, ул. „Христо Татарчев“ и улицата „ Христо Татарчев крак 2″, со дијаметар од 36 метри. Истиот ќе се состои од две сообраќајни летни со ширина од 4,75 метри и пешачка патека. Како дел од изведбата на новиот кружен тек, ќе биде извршена реконструкција и проширување на улиците „Христо Татарчев” и „Христо Татарчев крак 2“, на деловите каде што ќе влегуваат (се приклучуваат) во новиот кружен тек. Целокупната должина на новиот реконструиран и проширен коловоз со целосната реализација на овој инфраструктурен проект изнесува околу 1.400 метри“, рече градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.Градоначалникот на Кисела Вода Беличанец – Алексиќ рече дека со реализацијата на овој проект, ќе се добие ново, квалитетно сообраќајно решение базирано врз потребите на граѓаните, кое ќе влијае врз квалитетот на живот на околу 14.000 жители на општина Кисела Вода.„Намалувањето на сообраќајниот метеж посебно ќе почувствуваат жителите на Припор, но и сите преостанати чие секојдневие се одвива во овој дел на градот. Подобрениот сообраќаен проток ќе значи олеснета комуникација помеѓу општините Аеродром, Сопиште и Гази Баба. Преку изградба на пешачки и велосипедски патеки, овој проект ќе им донесе сообраќајна рамноправност на пешаците и велосипедистите, а предвидената изградба на нова атмосферска канализација на улицата „Христо Татарчев” ќе помогне со справувањето со  атмосферските води кои по поројните дождови се слеваа од Сопиште. Дополнителен бенефит за граѓаните, се реконструкцијата на водоводната мрежа и фекалната канализација, како и новото осветлување“, изјави градоначалникот Беличанец – Алексиќ.Новиот булевар и кружен тек ќе добијат ново улично осветлување, каде што ќе се постават 87 столбови со висина од 8 метри и 102 светилки од 250 вати.Вкупната сума за реализацијата на овој проект изнесува 98 милиони денари. Изведувач на градежните работи е „Бауер БГ” , а рокот на изведба е 20 месеци./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Дел од Бутел утре без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Неколку скопски општини денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:

dobivaj vesti na viber

· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)

· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)

· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)

· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)

· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)

Прикажи повеќе...

Македонија

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Објавено пред

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини.

dobivaj vesti na viber

На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на општина Центар.

Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот платен налог во Општина Центар, Сектор за инспекциски работи, барака 6А. Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот.

По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд, извести Општината.

„Редот се спроведува доследно и без исклучоци. Жителите на Центар го бараат тоа од нас. Безбедноста на пешаците и заштитата на јавните и зелените површини ни се приоритет“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат правилата и да придонесат за подобра урбана и животна средина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија40 минути

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија2 часа

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...

Топ3 часа

МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје,...

Македонија5 часа

(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк,...

Македонија6 часа

Бубевски: Стојам зад секоја одлука која сум ја донел, за навредите ќе поднесам тужба ако не добијам извинување

Поранешниот обвинител од специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ги отфрла сите наводи за какво било влијание и вели дека стои зад...

Македонија6 часа

„Спасовски вршел притисок врз обвинителите во СЈО за кои луѓе да се гонат, Катица Јанева работела по наредба на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и...

Македонија6 часа

„Одбија Законот за 600 евра плата да биде на дневен ред, сакаат авион за Мицкоски“, велат од СДСМ

„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра...

Европа6 часа

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите...

Свет7 часа

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во...

Свет8 часа

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече...

Свет9 часа

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...

Свет9 часа

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и...

Свет9 часа

(Видео) Масакр во Канада:10 лица убиени, најмалку 25 повредени во училишта и домови

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија,...

Македонија17 часа

Силен земјотрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија21 час

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија1 ден

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...