Скопје
Булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ готов до крај на мај
Градежните работи на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ која е важна сообраќајница влегуваат во завршна фаза и се очекува сите градежни работи, во зависност од временските услови, да бидат готови до крајот на мај.
Градежните работи на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ која е важна сообраќајница влегуваат во завршна фаза и се очекува сите градежни работи, во зависност од временските услови, да бидат готови до крајот на мај.
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, во сабота на терен изврши увид во градежните работи од третата фаза од проектот за реконструкција и проширување на булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов”.
koce1Untitled-1
Станува збор за реконструкција и проширување на оваа сообраќајница на потегот од крстосницата со булеварот „8.Септември” до улицата “Московска”, кај студентскиот дом „Гоце Делчев”.
„Проширувањето и реконструкцијата на третиот дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов е уште еден капитален проект на Градот Скопје којшто ќе овозможи побезбедно одвивање на сообраќајот, намалување на метежот и скратување на времето на патување“, рече Трајановски.
Во овој момент се гребе постојниот асфалт на сообраќајницата за да се нанесе порамнувачкиот асфалтен слој со дебелина од 6 сантиметри. Потоа, ќе се асфалтира со завршниот слој асфалт, „Сплит Мастикс“ на вкупна површина од 19.500 квадратни метри и ќе се обележи хоризонталната сигнализација.
„Градежните работи на оваа важна сообраќајница влегуваат во завршна фаза и очекуваме сите градежни работи, во зависност од временските услови, да бидат готови до крајот на месец мај. Притоа, би сакал да им се извинам на граѓаните кои ја користат оваа сообраќајница за потешкотиите изминатиов период, поради доцнењето на реализацијата на овој проект поради проблеми со подземните инсталации. Сакам да апелирам до граѓаните, додека траат финалните градежни работи на оваа делница внимателно да се вклучуваат во сообраќајот и да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот“, рече градоначалникот Трајановски.
Третата делница од булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов” е долга 1.600 метри, се веќе формирани 4 коловозни ленти, по две во секоја насока. Според проектот, од двете страни на проширениот коловоз се изградени тротоари со ширина од по 3,5 метри, со вкупна површина од 9.550 метри, коишто се покриени со павер-елементи. Градежните работи на третиот дел од булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов” беа искористени за да се постави нова атмосферска канализација со вкупна должина од 1.493 метри и профил од 200, 400, 600 и од 1.200 милиметри. На терен беше извршена и реконструкција на постојната фекална мрежа, при што на должина од 226 метри се поставени цевки со профил од 600 и 300 милиметри. Беше извршена заштита и на гасоводната цевка со профил од 400 милиметри. На проширување и реконструкција на третиот дел од булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов” работат градежниците на Трансмет ДОО Скопје. Градот Скопје за овој обемен проект ќе потроши околу 81 милион денари.
Третиот дел од проширениот булевар “Митрополит Теодосиј Гологанов” го осветлуваат 82 столба за улично осветлување на коишто се поставени 108 светилки со моќност од 250 W. На осветлување на новореконструираната делница работеа екипите на фирмата „Магнус Инжинеринг“, а за овој зафат Градот Скопје одвои околу 11,6 милиони денари.
Паралелно со проширување и реконструкција на третиот дел од булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов”, продолжува и изградбата на вториот и третиот дел од паркот “Македонија” коишто се протега по должината на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, од улицата „Братфордска“ до индивидуалните куќи.
„Овој парк ќе претставува едно убаво и пријатно катче за одмор и рекреација на жителите на Скопје. Новиот дел од паркот “Македонија” се простираа на површина од околу 32.000 метри квадратни, каде ќе биде поставена нова хидрантска мрежа и 332 нови прскалки. Покрај новото зеленило, во двата паркови ќе бидат засадени 400 нови дрвја, а ќе има и содржини наменети за децата, односно ќе се постават детски реквизити направени од дрво, еко-реквизити и летниковци. Во новиот дел ќе се изградат трим патеки покриени со бела ризла и асфалтирани патека со клупи за седење, корпи за отпадоци и друга урбана опрема. По должината на трим патеките ќе се формираат површини коишто граѓаните ќе можат да ги користат за одмор и рекреација, а во еден дел ќе се постават и фитнес-реквизити за вежбање. Очекувам градежните работи да завршат кон крајот на месец мај, поточно да завршат паралелно со градежните работи на булеварот“, изјави градоначалникот Трајановски.
На новите делови од паркот Македонија работеа јавните претпријатија “Паркови и зеленило” и “Улици и патишта”, а вкупната инвестиција на Градот Скопје изнесува околу 15 милиони денари./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

