Скопје
Целосно реконструирана улицата Јоаким Крчоски
Општина Центар целосно ја реконструираше улицата Јоаким Крчовски.
Поставен е нов асфалт, променет е горниот и долниот строј и тротоарите, заменети се шахтите и улицата е одбележана. На одделни места зајакнат е потпорниот ѕид. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Центар.
Улицата Јоаким Крчовски, свечено во употреба ја пуштија градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски , Ахмед Лала од Амбасадата на Р. Албанија и Јусуф Зија Кенар , втор секретар во Амбасадата на Турција во Скопје.
За одмор и дружење општината најави дека ќе постави чешма, зеленило и урбана опрема. /крај/мф/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

