Скопје
Чистење и санирање на фасадата на објектот Порта Македонија

НУ Музеј на македонската борба – Скопје во сабота ќе изврши чистење на фасадата на објектот Порта Македонија.
„По неколку неделното вандализирање на објектот констатирани се сериозни оштетувања на фасадата кои ќе се обидат да ги санираат стручни служби“, се вели во соопштението на НУ Музеј на македонската борба. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Герасимовски: Центар е прва општина што обезбеди нега на стари лица во домашни услови

Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски, денеска се сретна со возрасните центарци од пензионерскиот клуб „Гоце Делчев“ кадешто разговараа за нивните секојдневни предизвици, потреби и идеи за подобрување на условите за пензионерите во општината.
Герасимовски, информираше дека за неговиот четиригодишен мандат ги исполнил ветувањата и барањата на пензионерите.
„Во првата година од мандатот, отворивме три нови пензионески клуба и заеднички со пензионерите почнавме да имплементираме нови проекти и да организираме активности. Ние сме првата општина што обезбедивме нега на стари лица во домашни услови, а со новата услуга „Итно копче“ на пензионерите им обезбедуваме помош во итни ситуации, во домашни услови. Во изминатите три години, повеќе од 3.500 пензионери добија еднократна парична помош, а вкупно беа доделени над 10 милиони денари, со што значително се подобри нивниот квалитет на живот. Нашите пензионери се важен дел од заедницата, и затоа е клучно да ги слушнеме нивните предлози и идеи. Продолжуваме да работиме на проекти што ќе им овозможат поголема социјална вклученост, подобри услови во пензионерските клубови и поквалитетен секојдневен живот. Животот е убав во секоја доба“, изјави Герасимовски.
Општина Центар останува посветена на поддршката на своите највозрасни сограѓани, со цел да обезбеди активна и сигурна старост за сите.
Македонија
Дел од општина Илинден денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул.500,од број 24 до 45 во село Марино во општина Илинден.
Скопје
Делови од Кисела Вода и Илинден утре без струја, делови од Центар и Гази Баба без вода

Дел од корисниците на улицата Киро Крстевски Платник во општина Центар утре од 9:00 часот ќе останат без водоснабдување поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од 80 милиметри на улицата Киро Крстевски Платник број 6.
Поради дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник од 80 милиметри на улицата 36 бр. 12 во село Трубарево утре од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од селото Трубарево, општина Гази Баба.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, корисниците ќе бидат без водоснабдување се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не завршат со интервенциите.
Дел од корисниците од улицата „Саса“ во населбата Пинтија во општина Кисела Вода утре од 8:30 до 12:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 9:00 до 15:30 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата Христо Татарчев, подулица број „13“ во истата општина, а од 9:00 до 15:00 часот корисниците од улицата 500 на потегот од број 24 до број 45 во село Марино, општина Илинден.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани зафати во електродистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.