Скопје
Цветно дефиле за 38-годишнината на Општина Карпош
Над илјада деца продефилираа во понеделникот по една од главните скопски сообраќајни артерии булеварот „Партизански одреди“ закитени со шарени цветови на главите, венци, чадори, и весели фустанчиња, во чест на 3-ти ноември Денот на Општина Карпош.
Над илјада деца продефилираа во понеделникот по една од главните скопски сообраќајни артерии булеварот „Партизански одреди“ закитени со шарени цветови на главите, венци, чадори, и весели фустанчиња, во чест на 3-ти ноември Денот на Општина Карпош.
Цветното дефиле, коешто секоја година се одржува по повод денот на формирањето на оваа скопска општина, годинава беше преточено во вистинска есенска слика. Детскиот џагор и насмевки го наполнија плоштадот „Делфина“ во Влае, каде всушност стартуваше традиционалната манифестација „Цветно дефиле“.
Градоначалникот Стевчо Јакимовски ги поздрави најмладите жители на општината и им призна на децата дека оваа манифестација му е една од најважните и најмилите настани кои ги организира локалната самоуправа.
„Ова цветно дефиле го прават нашите најмлади жители, децата од градинките и од основните училишта на територија на општина Карпош. Ова е повод тие да се претстават со достигнувањата во образованието, културата, рециталот и воедно да го прослават роденденот на Општината. Тие, од најмала возраст, знаат дека се припадници на општина Карпош и дека нивната општина слави 38-години од своето постоење“, рече Јакимовски
Децата и вработените од градинката „Орце Николов“, го честитаа роденденот на општина Карпош и со подарок, уметнички дела – цртежи ја збогатија општинската библиотека. Подарокот му го врачија на градоначалникот Стевчо Јакимовски и на претседателот на Советот, Сашо Лазаревски.
Присутните родители, наставници, основци и децата од претшколската возраст ги забавуваа, културните уметници од КУД „Цветан Димов“, а можеше да се ужива и во балетска точка, како и да се слушне златниот глас на Карпош, Ангелина Спасовска. Чествувањето на роденденот, најмладите од градинката „Распеана младост“ го заокружија со песничката за другарството./крај/мф/мг
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.

