Скопје
Даниел Дончевски по четврти пат го фати крстот во Вардар
Даниел Дончевски од населбата Маџари годинава го фати светиот крст во водите на реката Вардар, кои ги освети поглаварот на МПЦ-ОА г.г.Стефан.
Дончевски четврт пат го фаќа светиот крст за големиот христијански празник Богојавление-Водици.
Тоа ќе биде икона во чест на крштевањето на Господ Исус Христос, и оние што имаат желба да се натпреваруваат, целта треба да им биде духовното раѓање, велат од свештенството.
На чинот на положување на Светиот крст во водите на реката Вардар присуствувааа премиерот за спроведување на парламентарните избори Емил Димитриев и скопскиот градоначалник Коце Трајановски.
Димитриев му подари телевизор на Дончевски, а од Трајановски доби златник со ликот на Св. Климент и икона.
Годинава во Скопје имаше 110 учесници кои скокнаа по крстот во Вардар. Учесниците требаше да имаат навршено 18 години или ако се помали, да имаат согласност од родител и да се православни христијани./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

