Скопје
Денови на филигранството во Скопје
Занаетчиската комора Скопје во соработка со Скопје Сити Мол најавуваат „Денови на филигранство“, од 6 до 8 мај, каде ќе биде претставен и промовиран филигранскиот занает кој претставува дел од македонската традиција.
Филигранскиот накит е спој на филигранските техники и вештини и дизајнот, спој на традиционалното и современото – уметничко дело кое ја отсликува нашата култура.На „Деновите на филигранството“ ќе се презентираат многубројни изработувачи на накит од филигран, накит од монистра, полудраги и драги камења, оргонит.Свеченото отварање ќе се одржи во петок во 13 часот во Скопје Сити Мол, каде свое обраќање ќе има претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Никола Петров. Целта на настанот e на едно место да се презентира уметноста, креативноста, дизајнот и умешноста на вредните раце на ракотворците кои ја испреплеле традицијата, културата на живеење со современото и модерно живеење и создале нешто единствено и вредно. Филигранскиот накит претставува уникатен и прекрасен украсен објект кој го одзема здивот и е вистинска скапоцена глетка. Во склоп на тридневниот настан, „Деновите на филигранството“, заинтерeсираните посетители ќе имаат ексклузивна можност на лице место да видат како се изработува филигранот и да дознаат дел од тајните на овој познат и тежок занает.Оваа промоција е прекрасен начин да се сочува традицијата и културата споена со модниот дизајн. За да се искуси моќта на било кое занаетчиство, и за да се допре, види, и почуствува дизајнот, мора занаетот да му даде постоење, изведба и реализација на дизајнот, па токму и затоа тие неможат еден без друг.Со тек на времето се губат традиционалните културни вредности меѓу кои се вбројува и филигранот, но бидејќи од минатото неможе да се живее, потребно е насочување и фокусирање кон иднината, за да се спојат со современото живеење и за да се создадат и искреираат нови вредни и уникатни производи кои ќе влезат во креативната индустрија во земјата, но и во странство./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски
Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини.
На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на општина Центар.
Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот платен налог во Општина Центар, Сектор за инспекциски работи, барака 6А. Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот.
По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд, извести Општината.

„Редот се спроведува доследно и без исклучоци. Жителите на Центар го бараат тоа од нас. Безбедноста на пешаците и заштитата на јавните и зелените површини ни се приоритет“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат правилата и да придонесат за подобра урбана и животна средина.

