Скопје
Детската трка увертира за утрешниот Виз Ер Скопски Маратон
Како најава за утрешниот Виз Ер Скопски Маратон, денес во Скопје се одржа детската трка на 600 метри, која беше со почеток од бул. АСНОМ кај Мајчин Дом, па сè до СЦ „Јане Сандански”.
Подготовките се завршени, сè е подготвено за претстојниот Виз Ер Скопски Маратон, кој ќе се одржи во недела, 10-ти мај.
Над 7.000 учесници, од 50 земји ширум светот ќе го земат своето учество на оваа надалеку позната манифестација од светски размери, на највисоко ниво.
Овој маратон е под покровителство на Град Скопје, Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт, како и главниот спонзор, Виз Ер.
Маратонот започнува утре, во 8 часот и 45 минути.
Стартните бројчиња за маратонот можат да се подигнат уште денес на Виз Ер Скопје Маратон Експо, Скопски Саем, хала 4. /крај/мф/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

