Скопје
До една година одземање возачка дозвола за пребрзо возење
Ќе се мапираат црните точки во сообраќајот во Скопје, а анализата ќе треба да биде готова до 15 октмври, беше заклучено на координативниот состанок за безбедност во сообраќајот во Скопје, меѓу радоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Стојче Стаменковски, директорот на ЈП „Улици и патишта”, Синиша Ивановски.
Ќе се мапираат црните точки во сообраќајот во Скопје, а анализата ќе треба да биде готова до 15 октмври, беше заклучено на координативниот состанок за безбедност во сообраќајот во Скопје, меѓу радоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Стојче Стаменковски, директорот на ЈП „Улици и патишта”, Синиша Ивановски.
„Првиот чекор е да се направи мапирање на црните точки во сообраќајот – анализа што треба да биде готова до 15 октомври, за веднаш потоа да ги отстраниме недостатоците на терен. Ќе разгледуваме и зони на смирен сообраќај, во што активно ќе се вклучиме заедно со општините, со МВР и со Советот за безбедност во сообраќајот. Не консултираат и за нашите забелешки во однос на новата законска регулатива од оваа област, што е во процедура. За Градот Скопје безбедноста на сите учесници во сообраќајот е приоритет“, рече градоначалникот Трајановски.Министерот за внатрешни работи Чавков на состанокот информираше за засилените активности кои МВР ги презема на територијата на градот Скопје, како и заклучоците донесени врз основа на анализи на преземените активности.„Од извршените анализи констатирано е дека најчеста причина за случување на сообраќајни незгоди со потешки последици на подрачјето на Скопје е човечкиот фактор, односно брзото возење, непочитување на правилата за првенство на минување, како и управувањето на возила под дејство на алкохол. Со новините во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, којашто е во собраниска процедура, предвидовме низа нови законски мерки кои одат во насока на зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Во делот на урбаните средини, предложено е намалување на брзината на движење на јавен пат во населено место од 60 на 50 километри на час, а доколку не се почитува ова ограничување ќе се изрече глоба во вредност од 400 евра или 65 негативни поени. Особено е важно што без разлика дали возачот ќе реши да ја плати глобата или да впише негативни поени, за него започнува постапка пред надлежен орган за забрана за управување со возило, во период од 6 до 12 месеци“, изјави министерот Чавков.Средбата се одржа една недела по смртта на дете велосипедист, кое загина на бул „Илинденска“ во близина на градскиот парк, а граѓани се организараа преку социјалните мрежи и закажаа протест за сабота под мотото „Коце, врати ни ги улиците“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

